8 најстари јазици кои до ден денес се зборуваат во светот
Јазикот е основа на културата. Денес, во светот постојат 6.500 јазици кои активно се зборуваат, а 2.000 од нив имаат помалку од 1.000 говорители. Најпопуларен јазик во светот е мандаринскиот јазик со околу 1.213.000.000 говорители.
Историски гледано, голем дел од јазиците се релативно нови кои настанале од некои други стари јазици кои денес не се во употреба. Од друга страна пак, постојат јазици кои се навистина стари, но до ден денес имаат голем број говорители.
Еве некои од нив:
1. Хебрејски
Хебрејскиот јазик престанал да се употребува во 200 година н.е. како дел од секојдневниот говор, но продолжил да се употребува како литургиски јазик за Јудаизмот. Сепак со развивањето на Ционизмот во 19-ти и 20-ти век, хебрејскиот јазик станува официјален јазик на Израел.
Додека модерната верзија се разликува од библиската верзија, локалните хебрејски говорители можат целосно да го разберат Стариот Завет и текстовите поврзани со него. Првите говорители на модерниот хебрејски како дел од својот национален јазик го наведувале и јидишкиот, а тој имал големо влијание врз развитокот на хебрејскиот јазик.
2. Тамилски
Тамилскиот јазик го говорат 78 милиони луѓе и е официјален јазик на Индија, Шри Ланка и Сингапур. Тоа е единствениот класичен јазик кој ја преживеал транзицијата до модерното време. Спаѓа во Дравидиска група јазици кој вклучуваат јазици кои се дел од јужна и источна Индија. Истражувачите пронашле натписи напишани на тамилски јазик кои датираат уште од 3 век п.н.е. и се смета дека од тогаш до ден денес тој е сѐ уште во употреба.
За разлика од Санскритот, овој древен индиски јазик престанал да се употребува во секојдневниот говор во 600 година п.н.е. и станал литургиски јазик. Со текот на времето, тамилскиот јазик продолжил да се развива и денес тој е 20-тиот најпопуларен јазик во светот.
3. Литвански
Најголемата група на европски јазици е Индоевропската, но во 3.500 п.н.е. таа почнала да се дели. Од оваа група се развиле многу јазици како германски, италијански, англиски кои постепено ги изгубиле карактеристиките поради кои биле слични со Индоевропскиот.
Еден јазик кој спаѓа во Балтичките јазици, кој се дел од Индоевропската група, успеал да ги задржи карактеристиките на јазикот кој лингвистите го нарекуваат праиндоевропски е литванскиот.
Поради некоја причина, литванскиот јазик зачувал голем дел од звуците и граматичките правила на праиндоевропскиот јазик за разлика од неговите блиски јазици – па затоа тој се смета за еден од најстарите јазици во светот.
4. Фарси
Голема е веројатноста да не знаете дека овој јазик постои. Денес тој се зборува во Иран, Авганистан и Таџикистан. Од друга страна пак, сигурно сте слушнале за персиски јазик, а тоа е старото име на фарси јазикот.
Фарси е директен наследник на стариот персиски јазик кој бил јазикот на Персиската Империја. Модерниот персиски почнал да се говори во околу 800 година н.е. и она по што се разликува од голем број модерни јазици е тоа што многу малку се променил од тогаш.
Оние кои говорат персиски многу полесно можат да прочитаат нешто од 900 година н.е. за разлика од Англичанец кој го чита Шекспир.
5. Исландски
Исландскиот јазик е Индоевропски јазик од северно германската гранка (и англискиот спаѓа во германската гранка, но од западно германска гранка). Голем број германски јазици во процесот на развивање ги изгубиле карактеристиките на Индоевропската група, но не и исландскиот.
Иако Исланд бил норвешка колонија од 14-ти до 20-ти век, сепак тоа имало многу мал ефект врз јазикот – па затоа уште од кога норвешките доселеници го донеле во земјата тој останал непроменет.
6. Македонски
Словенската група јазици во кои спаѓаат руски, полски, чешки и хрватски е релативно млада група. Тие започнале да се делат од прасловенскиот јазик кога Кирил и Методиј го стандардизирале јазикот, создавајќи го старословенскиот јазик и од која произлегува првата азбука.
Потоа, со ширењето на Христијанството во 9-ти век, тие го претставиле јазикот и на земјите северно од неа, а македонскиот јазик е јазикот кој е најблизок до старословенски.
7. Баскиски
Баскискиот јазик претставува лингвистичка мистерија. Денес се зборува во делови од Шпанија и Франција, но тој е целосно отуѓен од било кој друг јазик. Лингвистите веќе со векови се обидуваат да откријат со кој јазик тој е поврзан, но ниедна теорија досега не се покажала како точна.
Единственото нешто што е јасно е дека овој јазик постои уште пред создавањето на романската група јазици – т.е. пред да дојдат Римјаните со латинскиот јазик од кој подоцна се развиваат францускиот и шпанскиот.
8. Фински
Иако не бил запишан до 16-от век, финскиот јазик има историја која датира многу пред тоа. Спаѓа во Угро-финската група јазици каде спаѓаат естонскиот, унгарскиот и неколку помали јазици кои се зборуваат на Сибир.
Без разлика на тоа, финскиот јазик вклучува многу позајмени зборови од други јазици, а сепак ги задржал оригиналните форми на позајмените зборови.
На пример, мајка (aiti) доаѓа од готскиот јазик (кој повеќе не е во употреба), зборот за крал (kuningas) доаѓа од стариот германски збор kuningaz – кој повеќе не постои во ниеден германски јазик.
С. С. | Црнобело