Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 работи кои секогаш треба да ги чувате во тајност

Постојат неколку работи кои секогаш вредaт да се чуваат за себе. Ако ги кажете тоа најчесто не нема да ви донесе ништо добро.

6-raboti-koi-sekogas-treba-da-gi-cuvate-vo-tajnost

Овие 6 работи секогаш треба да ги чувате во тајност:

1. Не ги откривајте вашите најамбициозни планови

Не ги кажувајте вашите планови сé додека не бидете сигурни дека ќе се исполнат. Ваквите планови често имаат слаби точки и лошо осмислени делови кои не сте ги забележале поради што  некој лесно може да ги разложи. Со ова постои можност да се обесхрабрите и на крај да не ги реализирате плановите.


2. Не споделувајте ги информациите за добрите дела што сте ги направиле

Најголемата доблест во правење добри дела лежи во тоа да ги прави без желба за признавање на истите. Доколку често зборувате за тоа можете да станете арогантни.


3. Никогаш не ги откривајте тајните за вашиот животен стил

Не вреди да се фалите за тоа како сте биле на диета или како успеавте да ја надминете вашата навика на премногу спиење во утринските часови. Ако сте се откажале од световните задоволства за доброто на духовните цели, тогаш нема смисла да зборувате за тоа. Вашата емоционална состојба треба да биде хармонична, а желба да ги импресионирате другите и да добивате пофалби е знак дека не е.


4. Моменти на храброст и јунаштво

Друга работа за која секогаш вреди да се молчи се оние моменти кога сте покажале храброст или јунаштво. Секој ден се соочуваме со разни предизвици - и во надворешниот свет и во нас самите. Вашите достигнувања ќе бидат наградени соодветно. Не е на вас да решавате дали тие се достојни за признавање - во ова лежи лекцијата.


5 .Не ги откривајте проблемите од вашиот семеен живот

Не треба да ги откривате конфликтите или проблемите од вашиот семеен живот на другите. Секогаш имајте на ум: што помалку тајни знаат за вашето семејство, толку посилно тоа ќе биде. Овие работи понекогаш треба да се решат во приватноста на вашиот дом, меѓу најблиските. Колку повеќе се жалите на другите луѓе за нив, толку потешко ќе ви биде да ги надминете.


6. Не зборувајте за непријатните работи кои сте ги слушнале за другите луѓе

Обидете се да се ставите во нивната кожа, како би се чувствувале вие кога би дознале од вашите пријатели дека некој ве озборува? Не го правете тоа што не сакате вас да ви го прават.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Убавината им е во гените - Како изгледаат славните жени и нивните ќерки на иста возраст? Како изгледала Кетрин Зита-Џонс на 20 години, а каква е нејзината ќерка Карис на...
8 запросувања, Адел прекина концерт за да гледа трка: Интересни факти за ЛОИ во Париз (a немаат врск... Иако на прва ќе си помислите дека Новак Ѓоковиќ, Симон Бајлс (поради бројот...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
7 знаци дека сами на себеси си вршите булинг и како да си помогнете (низ илустрации) Најчесто се зборува за насилството што го трпиме од другите, а често не сме ниту...
Грешки поради кои другите не ве почитуваат и не ве ценат доволно Извинувајте се по потреба, кога ќе сфатите дека сте направиле нешто на...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg