8-те најчудни и најкреативни национални јадења кои пленат со својата необичност
Светот е спој од различни култури со различни традиции и јадења. Некои кујни се особено познати по нивните специјалитети, а некои ги кријат нивните убавини во локалните улични штандови.
Некои обични, но сепак изобилуваат со градација на вкусови, а некои пак се толку необични што ни на крај памет не би ги пробале.
Овие 8 национални јадења се токму такви – повеќе изгледаат како експерименти кои си играат со нашите усни папили отколку како вистинска храна:
1. Ширако – Јапонија
Земајќи ја предвид популарноста на кавијарот, не само во Јапонија, туку и во светот, не би требало да ви биде чудно да го пробате нејзиниот машки еквивалент. Станува збор за рибина млеч – репродуктивни жлезди полни со сперма од мажјаци како бакаларот.
Во Јапонија, ова интригантно јадење се нарекува „ширако“ – што означува „бели деца“. Приготвено добро, има кремаста текстура која наликува на пудинг.
2. Лутефиск, Норвешка
Ова традиционално норвешко јадење е направено од сува, солена бела риба и алкален раствор кој се користи во средствата за чистење рерни. Трикот во ова чудно јадење е рибата да се маринира во растворот точно определено време, така што маснотиите од рибата не се претворат во сапун.
Храната е готова кога личи на желе и мириса ужасно. Во 2008, биле продадени повеќе 3.000 тони Лутефиск од рафтовите на норвешките продавници.
3. Трунг Вит Лон, Виетнам
Силен афродизијак составен од оплодено јајце од гуска со едвај развиен ембрион внатре. Возраста на јајцето зависи од регионот – Северњаците сакаат кога се позрели – т.е. кога малечкото е доволно големо за да има клунче и канџи.
Трунг Вит Лон се вари заедно со лушпата и така се јаде. Бујонот, кој го опкружува ембрионот се истура надвор од јајцето пред да се излупи лушпата. А, внатре, коските на нероденото гувче се цврсти и меки.
4. Црн пудинг, Англија
Црниот пудинг, всушност не е пудинг, туку вид колбас направен од комбинација на крв и месо. Традиционалните Британци уживаат во нивните вампирски тенденции со неколку парчиња од овој специјалитет покрај додатоци од грав, домат, печурки и јајца.
Целата комбинација се нарекува „fry up“ – и додека сигурно ќе ви го крене холестеролот, сепак задоволува голем дел од нутрициските потреби на организмот.
5. Тако де Сесос, Мексико
Мексиканците се гордеат со нивното тако од кравји мозок. Иако сивата маса е богата со холестерол, таа не е конвенционално нездрава.
Според медицината, кравјото лудило има инкубационен период од 50 години, па затоа ваквото јадење не е баш најбезбедно. Јадете на сопствен ризик.
6. Санакџи, Кореја
Би пробале жив октопод? Санакџи е традиционално корејско јадење кое се состои од ситно исечен октопод додека пипалата сѐ уште мрдаат. Практично, додека го јадете, чувствувате како пипалата се движат во вашата уста, помеѓу забите и јазикот.
Уште една варијација на Санакџи е да земете бебе-откопод и директно да го ставите во уста. Без сечење и без убивање.
7. Тонг ци дан, Кина
Можеби едно од најчудните јадења кои светот ги нуди е кинескиот деликатес Тонг ци дан или „јајца од момче-девица“. Секоја пролет во градот Донгианг јајцата се варат во урина на млади момчиња на училишна возраст.
8. Сангуиначо, Италија
Овој десерт сигурно нема да се појави на менито веднаш до тирамисуто и другите вообичаени десерти. Сангиуиначо е всушност пудинг направен од крвта на свежо заколено прасе.
Колењето на животни за време на празниците претставува традиционален начин на славење на католичките зимски празници.
Ваквиот вкусен десерт е едно од оние нешта што мора да ги пробате пред да дознаете што има во нив.
С. С. | Црнобело