Семејство Златокоси: Никогаш во животот не ги шишале косите
Веројатно ви текнува на една од оние популарни бајки, кои често сме ги слушале како деца, каде девојка е затворена во висока кула од страна на вештерка и има прекрасна, предолга руса коса. Но, што ако бајката за некого е реалност?
Семејството Расел, 43-годишната мајка Тери Лин и нејзините три ќерки, живеат во оваа бајка, односно имаат долги коси кои никогаш во животот не ги шишале.
Познати се како Златокосите од Илиноис. Мајката Тери има коса долга 186cm, најстарата ќерка Келан има коса долга 94cm, средната ќерка Кендалин има 92cm долга коса и Чесни, најмалата има 67cm долга коса.
Од златокоса се разликуваат само во бојата, бидејќи сите четири се бринети.
„Никогаш не ја шишам мојата коса, затоа што знам дека му се допаѓа на мојот сопруг. Таква ми беше кога првпат се запознавме“ - вели Тери.