Бидете самоуверени и живејте го животот од вашите соништа

Светот може да стане подобро место за живеење доколку вие му дадете шанса на вашиот потенцијал и ја искористите вашата самодоверба за поголеми цели.

bidete-samouvereni-i-zivejte-go-zivotot-od-vasite-sonishta-01.png

Затоа наместо сомнежи создадете монументални траги по кои ќе биде гордост другите да чекорат.

За да ја подобрите вашата самодоверба:

1. Верувајте им на своите способности

Никој во светот не знае сè. Секој е добар во одредена област, која што претставува негова силна страна. Затоа не судете си за тоа колку можете и колку знаете да направите, туку потрудете се да бидете желни да откриете и научите повеќе.

Кога ќе добиете критика настојувајте да се подобрите.

Кога некој ќе биде подобар од вас, научете од него и потрудете се да го достигнете, па дури и да го надминете неговото ниво.

Ако нешто не ви успее од првиот пат, имајте на ум дека секогаш има уште еден обид. И запомнете, не мора да бидете самоуверени во она што можете да го направите, бидете самоуверени кога станува збор за вашиот потенцијал.


2. Запознајте ги вашите силни и слаби страни

Да се познаваш добро себеси не е процес што ќе се случи преку ноќ. Додека пак, да бидеш објективен кон самиот себе за она што си е доста тешка работа. Затоа, доколку сакате да изградите цврста самодоверба, треба добро да разграничите кои сте, а не кои би сакале да бидете.

Кога ќе научите кои се вашите силни страни, на пример ако сте добри во разговор со луѓето или сакате сцена, тогаш можете да се насочите кон работа во театар, можеби работа со деца, нешто што има контакт со луѓе, а доколку не сте, тогаш воопшто не пробувајте само за да го задоволите вашето его. Бидејќи нема поголема радост од тоа да се прави она во кое што си навистина добар.

Секако знаејќи ги вашите силни страни потрудете се што е можно повеќе да ги неутрализирате вашите слаби страни.


3. Очекувајте успех

Навистина е тешко да се каже очекувај успех, бидејќи знаеме дека никој од нас не може да ја предвиди иднината, но што е целта да бидеш во нешто ако не сакаш да победиш?

Сите тврдат дека е добро да го очекуваш најлошото за да не се изненадиш и разочараш доколку настане можен неуспех или да бидеш сосема изненаден кога ќе се случи посакуваниот успех. Но, истражувачите велат дека тоа не е секогаш точно.

Песимистите може да доживеат неуспех во полиња каде што би требало да имаат апсолутен успех само заради нивното песимистичко размислување.

Затоа секојдневно барајте поле за нови успеси и ќе видите како со текот на времето тие само ќе се зголемуваат.


4. Научете да примате комплименти

Луѓето отсекогаш со задоволство би се концентрирале на негативните коментари, додека пак добивањето позитивни критики за она што сме го направиле како да го земаме здраво за готово.

Но, само да знаете и примањето комплимент е само по себе уметност. Луѓето не ви даваат позитивна критика затоа што сте имале среќа или ви се поклопиле коцките. Иако тоа може да биде случај, сепак она што сте го слушнале од туѓата уста доаѓа токму поради вашите квалитети.

Не го преиспитувајте, верувајте им и преработете ги информациите за да ја зајакнете вашата самодоверба. Можеби луѓето не сакаат да успеете, но со нивните комплименти ви покажуваат дека вие навистина вредите.


5. Вежбајте ја вашата самодоверба

Секоја вештина се усовршува најсоодветно со вежбање. Најдобар начин да ја вежбате вашата самодоверба е кога запознавате нови луѓе. Тоа е исто како да сте новиот сосед во маалото, што би значело дека имате шанса да им покажете кои сте.

Поздравете се, претставете се, оставете ги да зборуваат, а потоа започнете го вашиот монолог. Ако за нешто се двоумите, тогаш подобро не го кажувајте или заменете го со работи кои сметате дека се работи од вашата безбедна зона.

Често запрашувајте се што би направила самоуверена личност во одредени ситуации и обидувајте се да го следите тој пример.

Секојдневно коригирајте го она што не ви се допаѓа во начинот на кој се движите, во работите кои ги изговарате.

Луѓето би сакале да ве гледаат онакви како што вие се гледате, а како би ве гледале доколку и вие сами се сомневате во себе?

Можеби никогаш нема да стекнете целосна самодоверба. Или никогаш нема да бидете сто проценти сигурни во она што го правите. Но, не дозволувајте светот да ја види таа несигурност. Ако сте успеале и вчера, можете и денес и утре и секој нареден ден.

Самодовербата е карактеристика која мора да ја поседувате, ако вашите чекори се движат кон врвот, а вие тоа го можете!

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најбогатите бизнис династии во светот (и како ги заработиле парите) Семејството што го поседува брендот Chanel има богатство од околу 95 милијарди д...
Работи што во минатото беа неприфатливи, а денес се секојдневие, низ илустрации Дискриминација на жените врз која било основа. Учење на децата дека старите секо...
16 совети од Фројд кои ќе ви помогнат да се справите со анксиозноста Коренот на анксиозноста според Фројд лежи во детството. Ви пренесуваме дел од со...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Особини на ментално силните личности, според Сигмунд Фројд Поминал голем дел од животот зборувајќи за лошите навики што ги избегнуваат мент...
Имаш 7 години и се стемнува, другарите те викаат да си играте… Се сеќавате ли на безгрижните и топли лета во детството, кога едвај чекавме да з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg