Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што ќе се случи ако децата ги оставите цел ден без интернет?

Детскиот психолог Јекатерина Мураѓова во својата книга опишува необичен експеримент спроведен меѓу тинејџерите.

provokativen-eksperiment-sto-se-slucuva-koga-decata-nemaat-internet-cel-den-01.jpg

Експериментот бил наменет да покаже што се случува со група тинејџери кои еден цел ден немаат пристап до интернет и модерната технологија.

Деца и млади на возраст помеѓу 12 и 18 години доброволно престојувале осум часа сами, без пристап до било кој начин на комуникација (мобилни телефони, интернет) Исто така, им било забрането да ги вклучуваат компјутерот, радиото и телевизијата.

Им било дозволено да се вклучат во голем број активности како: пишување, читање, свирење музички инструменти, сликарството, пеење, одење, и др.

Авторката на експериментот сакала да ја докаже нејзината хипотезата дека денешните генерации на млади луѓе премногу често се забавуваат со работите кои самите не ги создале, односно, не се способни да најдат начини да бидат зафатени и да ја користат нивната имагинација.

Во согласност со правилата на експериментот, тинејџерите морале да објаснат следниот ден како се справувале со тоа да бидат сами во такви услови.

Никој не очекувал такви резултати.

Само тројца од 68 учесници успеале да го завршат експериментот, едно девојче и две момчиња.

3 учесници имале самоубиствени мисли, 5 од нив искусиле интензивни напади на паника, 27 имале симптоми како гадење, потење, вртоглавица, топли бранови и абдоминална болка.

Речиси сите што учествувале во експериментот чувствувале страв и анксиозност.

Што правеле за време на експериментот?

Готвеле јадења и јаделе, читале или се обидувале да читаат, пишувале домашни задачи, гледале низ прозорецот или шетале околу станот, сложувале сложувалки, цртале, чистеле соба, си играле со куче или мачка, вежбале гимнастика, свиреле инструмент, пишувале поезија и проза, едно момче потрошило речиси 5 часа возејќи се во автобуси низ градот, едно момче отишло во забавен парк, една девојка отишла во музеј, едно момче отишло во зоолошка градина и една девојка се молела.

По престанокот на експериментот, 14 од тинејџерите веднаш се најавиле на социјалните мрежи, 20 ги повикале своите пријатели на нивните мобилни телефони, 3 учесници ги повикале своите родители, а 5 отишле во посета на своите пријатели. Другите вклучиле телевизор или играле компјутерски игри. Покрај тоа, речиси сите од нив ги ставиле слушалките во ушите.

Сите симптоми на стрес исчезнале веднаш по завршувањето на експериментот.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе имаат неверојатна среќа во животот „Мајка ми си ја најде изгубената мачка после 1 година“. „Потсетување секога...
Растење со родители што се мразат и уште 12 тешки животни искуства (може да си поиграат со вашиот ум... Барање работа долго време и премореност од сите тие одбивања. Кое е вашето најте...
Луѓе на кои претчувството им го спасило животот: „Ја натерав мајка ми да одиме кај баба ми - таа има... „Кога забременив со првото дете, знаев дека тоа нема да заврши добро. По не...
13 интересни работи што можете да ги видите само во Дубаи Климатизирани автобуски станици, напуштени луксузни автомобили, полупразни стока...
Што да правите, а што не ако почне да грми кога сте на плажа? Немојте да се криете под шатор или тенда и ако во близина нема затворен простор,...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg