Луѓе на кои претчувството им го спасило животот: „Ја натерав мајка ми да одиме кај баба ми - таа имаше удар додека бевме заедно“

„Кога забременив со првото дете, знаев дека тоа нема да заврши добро. По неколку недели почувствував силни грчеви и во болница ми кажаа дека сум имала спонтан абортус. Сакаа да ме пратат дома, но инсистирав да ме прегледа мојот гинеколог. По 4 часа, тој ми правеше итна операција за да спречи внатрешно крварење од кое можев да починам“.

ja-ubediv-majka-mi-da-odime-kaj-baba-mi-taa-imashe-udar-dodeka-bevme-zaedno-lugje-na-koi-pretchuvstvoto-im-go-spasilo-zhivotot-01.jpg

Понекогаш, едноставно имаме чувство дека нешто не е во ред.

Тоа чувство може да го предизвика некој сон, ситуацијата во која се наоѓаме, или, едноставно, некое шесто сетило кое ни кажува дека сме во опасност.

Иако многумина не веруваат во „претчувството“, сепак, постојат луѓе кои велат дека токму таа внатрешна интуиција им го спасила животот или ги извлекла од лоша ситуација.

5 луѓе ги споделија своите вистински приказни на Редит и открија како претчувството не ги излажало:

„Имав 20 години и студирав во друг град. Бев сама во станот и чекав да дојде екипа за кабловска телевизија.

Некој заѕвони и кога отворив, пред мене стоеше возрасен маж кој сигурно не беше пратен од компанијата, бидејќи не носеше работничка униформа.

Го прашав што сака, а тој ми рече дека инсталира аларми низ становите во зградата.

Нешто ми велеше дека не треба да му верувам, па му кажав дека е лошо време зашто мојата цимерка разговара на телефон со родителите кои се во друг град (во време кога за вакви повици се плаќаше скапо).

Излажав зашто не сакав да мисли дека сум сама. Ме праша каде е цимерката, а јас му ја затворив вратата.

Следното утро го прашав домарот дали ангажирале некого да мести аларми, но тој негираше.

Подоцна дознав дека имало напад врз млада девојка во соседството. За среќа, претчувството дека нешто не е во ред ме спаси“.

ja-ubediv-majka-mi-da-odime-kaj-baba-mi-taa-imashe-udar-dodeka-bevme-zaedno-lugje-na-koi-pretchuvstvoto-im-go-spasilo-zhivotot-02.jpg

„Кога бев бремена со првото дете, од првиот момент знаев дека нешто не е во ред и дека бременоста нема да заврши добро.

По неколку недели почнав да чувствувам грчеви во стомакот, што е нормално во раната фаза од бременоста.

Кога отидов на преглед на ургентен, ми кажаа дека нема траги од плод во матката и дека сигурно сум имала спонтан абортус.

Сакаа да ме пратат дома, но јас инсистирав да ме прегледа мојот матичен гинеколог и решив да го почекам.

По 4 часа, тој веќе ми правеше итна операција на фалопиевата цевка која пукнала и успеа да го спречи внатрешното крварење.

Да не инсистирав да останам, ќе бев мртва“.

„Бев средношколец и во тоа време обично си легнував доцна. Една вечер мајка ми и брат ми спиеја, а татко ми не беше дома.

Јас го пуштив кучето да оди надвор по нужда и кога излегов да го земам, имав некое непријатно чувство, како некој да беше надвор и да ме набљудува.

Кога влегов дома, ставив столче на задната врата (во тоа време не заклучувавме) и си легнав.

Не можев да заспијам и го слушав кучето како квичи.

Во еден момент некој проба да ја отвори задната врата, но не можеше поради столчето.

Кучето почна да лае, јас го разбудив постариот брат да дојде, но кога излезе надвор, таму немаше никој.

Најверојатно кучето со своето лаење го избркало, а јас не знам што ќе се случеше ако не ja потпрев вратата со столчето“.

ja-ubediv-majka-mi-da-odime-kaj-baba-mi-taa-imashe-udar-dodeka-bevme-zaedno-lugje-na-koi-pretchuvstvoto-im-go-spasilo-zhivotot-03.jpg

„Јас сум Американка која пред неколку години се пресели во Кореа.

Еден ден излегував од метрото, кога видов како Кореец зборува со бела девојка, а нејзиното лице имаше „замрзната“ насмевка и делуваше збунето.

Ја фатив за рака и ѝ реков: „Здраво Сара. Извини што доцнам. Ќе одиме?“ и почнав да се движам кон првата кафетерија.

Преку прозорецот го видовме мажот како стои надвор, но по некое време си замина.

Со девојката порачавме кафе, почнавме да разговараме и таа ми кажа дека мажот ја следел уште кога била во метрото, а кога излегле надвор не ѝ дозволувал да си замине и станал малку агресивен.

Не знам дали ќе ѝ се случеше нешто, но мило ми е што одглумив дека се знаеме и ја оддалечив од него“.

„Кога имав 10-11 години ја терав мајка ми да ме одведе кај баба ми на ручек.

Иако прво се противеше, на крајот попушти. Додека седевме кај неа дома, на баба ми почна да ѝ се „плетка јазикот“ и стана дезориентирана.

Мајка ми забележа и ја одведе во болница, а таму утврдија дека имала удар.

По неколку дена мајка ми ми кажа дека сум ѝ го спасила животот, бидејќи ако била сама во време на ударот, можеби не би преживеала“.

ja-ubediv-majka-mi-da-odime-kaj-baba-mi-taa-imashe-udar-dodeka-bevme-zaedno-lugje-na-koi-pretchuvstvoto-im-go-spasilo-zhivotot-01_1.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...
Идеи што да правите кога надвор врне (за да не ги поминете деновите во досадување) Направете си домашен пикник со ќебиња и вкусна храна со партнерот или пријателит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg