Толкување на соништата: Што значи ако сонувате вода, венчавка или мост?

Уште одамна луѓето веруваат дека соништата можат да им претскажат што ќе им се случи во реалниот живот, па секој народ се обидувал да открие што значат соништата и како може да се толкуваат.

ako-ste-sonuvale-voda-pazete-se-od-bolesti-i-nesrekja-01.jpg

Некои соништа имаат за цел повторно да ни напоменат што не мачи во сегашноста, а некои пак, се верува дека може да ни ја претскажат иднината.

Што ако сонувате мост, вода или венчавка?

Мост

Мостот во соништата ве предупредува да бегате од луѓе кои ви се претставуваат како пријатели. Ако поминувате на мост во вашиот сон, тогаш треба добро да размислите пред да донесете било какви одлуки. Ако сонувате срушен мост, тоа значи дека на професионален план ќе имате некаква загуба.


Жена

Ако сонувате постара жена ве очекува несреќа или некој ве озборува. Ако сонувате млада жена ќе имате среќа. Ако сонувате гола жена треба да се пазите од лаги. Ако сонувате дека се бакнувате со жена, ќе имате некаква добивка. Ако сонувате дека тепате жена, вашиот партнер ви е неверен.


Кавга

Ако сонувате дека се расправате со некој пријател, некој ќе ви нанесе болка, непријатности на работното место, проблеми или имате грижи. Ако сонувате дека се расправате со сопругот/ата, ве очекува семејна среќа, ново пријателство. Ако следите расправија, некој ве озборува.


Венчавка

Ако гледате венчавка, ќе имате среќен брак, некаква добивка или ќе бидете завидни на туѓиот успех. Ако сонувате дека се венчате со водвец/вдовица, внимавајте на партнерот и неговото однесување.


Вода

Ладната вода означува среќа, радост. Топлата вода означува болест. Ако водата е матна, ве очекуваат грижи, препреки или некаква опасност. Бистрата вода значи среќа или мала добивка. Длабоката вода означува опасност.


Убиство

Да убиете некого во сонот значи дека ве очекува голема опасност. Ако гледате убиство или слушате за некакво убиство, ве очекуваат грижи и стравови.


Доктор

Ако сонувате доктор, потребен ви е здравствен совет. Ако сонувате дека плачете пред доктор, во јавето ве очекува некаква непријатност. Ако добиете лек од доктор, ве очекуваат некакви новости.


Усни

Ако сонувате усни, најчесто нема да ви се случи нешто пријатно. Големите усни значат незадоволство, а ако ве болат, тогаш ве очекува некоја голема непријатност.

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со уникатни генетски карактеристики и способности – вена во вид на срце, преплетени прсти „Мојот сопруг има вена во облик на срце на бицепсот“, „Левото стапало ми е многу...
Идеја vs. реализација: Смешни (и тажни) градежни утки Згради кои изгледаат футуристички и луксузно во проекциите на архитектите, но во...
4 негативни особини кои луѓето всушност ги сакаат кај вас Вашата трапавост за некого е симпатична - кои други особини кои генерално се сме...
Смрт на брачен сопатник и уште 13 најтешки искуства во животот (ќе ги разберете само ако ги доживеет... Спонтан абортус, силување, хронична болест, смрт на дете... Кои се најтешките ра...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Низ илустрации: Како да знаете дали е во прашање љубов или само страст? Како знаете дали сте навистина заљубени, или само имате моментални интензивни ем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg