Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


9 фрази кои не треба да ги кажете никому

Доколку сакате да одржувате добри врски со луѓето треба да размислувате за она што го кажувате.

devet-frazi-koi-ne-treba-da-gi-kazete-nikomu-01.jpg

Нешто што се чини ненавредливо за некого, може да биде навредливо за некој друг.

Овие 9 работи никогаш не треба да ги кажете на некого:

1. „Тоа не е моја работа“, „Јас не сум платен да го работам тоа“

Овие се најчестите изговори кога некој не сака да работи. Во 99% од случаите оваа фраза ќе го иритира вашиот надреден, а може и да му покаже дека сте рамнодушни за вашата работа.

Подобро е да кажете, „Имам многу работа денес, што да направам прво?“.


2. „
Немам време да зборувам, зафатен сум“

Такви одговори укажуваат на лошо воспитување. Би било многу подобро да кажете нешто како ова: „Жал ми е, но имам итен состанок. Ајде да се чуеме друг ден и да разговараме“.


3. „Ова можеби ќе звучи глупаво, но...“

Оваа фраза ја доведува во прашање точноста на она што сакате да го кажете.


4. „Без навреда, но...“

Оваа фраза звучи како предупредување дека следното нешто што ќе го кажете ќе биде непријатно.


5. „Се здебели“, „Ослабе“

Тежината или физичкиот изглед може да биде чувствителна тема за многумина. На луѓето често им е тешко да ги прифатат промените кои се случуваат со нивното телото.

Дури и кога овие коментари се наменети како шега или комплимент, тие можат да го расипат расположението и да создадат конфликт. Многу подобро е само да кажете: „Изгледаш одлично!“.


6. „Изгледаш одлично за твојата возраст“

Оваа фраза едноставно служи како потсетник за возраста на лицето. Повторно, подобро е само да се каже: „Изгледаш одлично“.


7. „Ова е типично за тебе“

Обидете се да не „лепите“ етикети на луѓето. Наместо да користите фрази кои можат да предизвикаат конфликт, кажете нешто како: „Ме иритира што повторно ги остави садовите во мијалникот“.


8. „Ако навистина ме сакаш ќе...“

Со ова фраза емотивно се манипулира со некого, што тешко ќе придонесе за создавање на силна врска. Подобро е да кажете: „Би се чувствувал подобро кога би...“.

Најдобар начин да се зачува конструктивен однос е да објасните зошто сте вознемирени, а потоа да понудите решение.


9. „Премногу си добра за него“

Дури и кога само сакате да утешите некого, откако ќе раскине со партнерот, тој или таа може да ја толкува оваа фраза како лична навреда за нивниот вкус. Наместо тоа кажете: „Нивна загуба“.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека сте личност со комплексен карактер (и многу луѓе не можат да се справат со вас) Мразите празни разговори и рутина, здодевни ви се и ве нервираат - на „Како си?“...
7 лоши навики кои се, всушност, добри за вас Знаете ли дека озборувањето помага да создадете поголема блискост врска со луѓет...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
5 јадења кои потекнуваат пред нашата ера – ги подготвувале и древните народи Знаевте ли дека популарниот чизкејк го правеле и древните Грци? Кои други јадења...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
7 знаци дека сами на себеси си вршите булинг и како да си помогнете (низ илустрации) Најчесто се зборува за насилството што го трпиме од другите, а често не сме ниту...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg