Дали луѓето се природно зли?

Доколку ги следите светските вести или ги читате насловните страни на списанијата, веројатно ги забележавте константните лоши вести. Денес не е тешко да се развие песимистички став кон светот и иднината.

dali-lugeto-se-prirodno-zli-01.jpg

Бескрајни извештаи за крадците, убијците и насилниците се доволни да ве натераат да ја изгубите надежта дека луѓето еден ден ќе живеат во целосен мир и хармонија.

Дали сме генетски предодреден кон „злото" однесување поради себичност или несреќата е пропратен ефект на нашето општество?

Постојани војни

Спротивно популарното верување, модерните луѓе се многу помалку насилни од нивните предци. Сепак, многу луѓе го сметаат 20-от век за најкрвав, најсуров век во историјата, полн со бескрајни војни. Понекогаш навистина изгледа како некои луѓе да се родени за битка. Прашањето се сведува на следното: дали војуваме бидејќи мораме или поради тоа што длабоко во себе ни се допаѓа?


Интернет насилство

Не треба да се прави посебно истражување на оваа тема за да се сфати дека луѓето на интернетот се необјасниво зли. Доколку читате коментари, особено на јавните веб страници, ќе видите  најстрашни примери на говор на омраза, расизам, национализам, сексизам... Овие коментари обично се неиспровоцирани, за неважните нешта кои логично не треба да предизвикуваат толку многу страст. Зошто луѓето се толку зли онлајн? Многумина велат дека тоа има врска со анонимноста која им овозможува да кажат нешто, без страв од казна. Без оглед на причината, евидентно е дека во анонимните ситуации многу луѓе се вртат кон суровост.


Насилство како забава

На некој начин, ние не се разликуваме многу од старите Римјани со нивните гладијаторските игри и фасцинација со крв. На пример, во ударните термини телевизијата е полна со криминални емисии и стравотни сцени од криминал, агресивни спортови, филмови и серии. Поголемиот дел од истражувањето, во врска со насилството како забава, има врска со начинот на гледање како тоа влијае на нашето однесување, или зошто воопшто сакаме да гледаме такви програми? Некои научници тврдат дека во нашите цивилизирани животи недостасува чувство на возбудата и опасност.


Големите мислители веруваа дека луѓето се зли

Кон крајот на својот живот, Фројд во голема мера се разочара од човечкиот род. Тој ги сметал за еден од најлошите видови на животни. Многу од неговите чувства беа базирани врз бурниот период на времето во кое живеел. Во неговата книга „Цивилизација и нејзините незадоволства“ (1930), тој напиша: „... луѓето не се нежни суштества, кои сакаат да бидат сакани, кои најмногу можат да се одбранат, ако се нападнати; тие се, напротив, агресивни суштества. " Стотици години пред Фројд, филозофот Томас Хобс имаше сличен песимистички поглед на човештвото. Тој напиша дека животот на човекот е „осамен, сиромашен, гаден, брутален и краток." Во суштина, тој верувал дека сите луѓе се подеднакво способни за убиството, а кога двајца луѓе го сакаат истото војната е неизбежниот резултат.


Бебињата се лесно подмитливи

Доколку ги игнорираме Фројд и Хобс за момент, и претпоставиме дека другите мислители, како Жан Жак Русо, кој сметал дека луѓето се природно добри или Џон Лок, кој верувал дека сите луѓе кога ќе се родат се празна плоча, тогаш има смисла да се претпостави дека бебињата, бидејќи не биле под ничие влијание се добри или неутрални. Но, дали е тоа навистина така? Тешко е да се каже, бидејќи, бебињата немаат поим за добро и зло, односно, тие не знаат дека згрешиле, доколку направат нешто лошо. Исто така, ние треба да ги учиме како да се однесуваат на социјално прифатлив начин. Но, ако луѓето се природно добри, зошто е потребно толку многу време за учење на децата како да се однесуваат? Истражувачот Арбер Тасими од Универзитетот Јеил верува дека бебињата се природно алтруистични. Поголемиот дел од неговите тестови вклучуваат ставање на мали деца во различни ситуации, каде што тие можат да изберат да бидат себична или корисни, но без награда. Децата одбивале да прават работи без награда. Очигледно, како и повеќето возрасни, децата можат да бидат убедени да направат нешто погрешно, ако цената е доволно висока.


Близнаци

Очигледно нашиот инстинкт да останеме живи и да се натпреваруваме за ресурси започнува навистина рано. Снимки на близнаци покажуваат дека тие се борат за простор во матката со удирање. Сите наши навидум насилни или егоцентрични импулси можат да бидат продукт на вкоренети инстинкти за преживување. Со други зборови, ќе го направиме она што е потребно за да останеме живи и да создадеме поудобни услови за нас самите. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
10 фотографии кои ќе ги излудат перфекционистите Погрешно ставена плочка среде идеален мозаик, жардињера со цвеќиња ставена настр...
Низ илустрации: Застарени верувања кои треба да ги оставиме во минатото Мажот не смее да стапне во кујна бидејќи готвењето е женска работа и уште 7 заст...
Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли? „Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“. Колку да не...
Најмладиот сериски убиец во светот: На 8 години ја убил сестра му Во 2007 година, осумгодишниот Амарџит Сада имал насмевка на лицето додека го нос...
Совети за безгрижно и безбедно пливање за време на менструалниот циклус Не носете влошки додека пливате. Со пливањето се намалува способната на тампонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg