Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Целосната изградба на Саграда Фамилија во 1 минута (видео)

Една од првите неколку идеи кои ви доаѓаат на ум кога ќе се спомене Шпанија и Барселона секако е базиликата Саграда Фамилија на Антонио Гауди.

celosnata-izgradba-na-sagra-familia-vo-1-minuta-01.jpeg

Позната е како една од ретките градби во светот која се гради со години. Нејзината изградба започнала во далечната 1882 години.

Една година подоцна Гауди се приклучил кон проектот и сè до крајот на животот во 1926 година работи на нејзината изградба.

По смртта на Гауди градењето се одвивало доста бавно заради фактот што самата изградба била финансирана од самостојни донации кои биле многу мали. Потоа следела Граѓанска војна во Шпанија и ред други услови кои создавале бројни неприлики.

Сепак низ годините нејзиното градење не запира и согласно плановите таа треба да биде завршена до 2026, односно се очекува да биде отворена на 100-годишнината од смртта на нејзиниот творец.

Завршената базилика би требало да вклучува 18 кули посветени на разни религиозни ликови, кои ќе имаат различна висина што претставува алегорија на религиската хиерархијата.

До денес изградени се вкупно 8 кули.

Како ќе изгледа финалната верзија на Саграда Фамилија може да видиме на 3D анимацијата која ни покажува една по една се додаваат предвидените кули и како базиликата полека го добива својот замислен изглед.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Двојни стандарди со кои се соочуваме и во 21-иот век, а не треба (низ илустрации) Едно ги учиме децата, а друго правиме... Ако татковците доцнат, сигурно за тоа и...
Ситуации во кои не треба да се користи левата рака (во некои земји е знак за непочитување) Кај нас нема многу правила за тоа дали треба да се користи лева или десна рака. ...
5 сигурни знаци дека сте соочени со емоционална блокада Емоционалната блокада може да направи да се чувствувате „заглавено“, па одново и...
10 практични кујнски предмети од TEMU до 150 денари Апаратче кое ги лупи јајцата како од шега, метален држач поради кој нема да си г...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...
„Отровот е во твојата глава“: Мудра кинеска приказна за снаа и свекрва „За целосно да избегнеш каков бил сомнеж, мора да го контролираш својот гнев, да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg