Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали навистина клинот со клин се избива, а времето ги лечи раните?

Добро познати ни се оние секојдневни мудрости кои треба да внесат малку ред во животниот хаос. Веројатно илјада пати досега сте слушнале : „Времето лечи сè“, „Клинот со клин се избива“, но колку се вистинити?

dali-navistina-klinot-so-klin-se-izbiva-a-vremeto-gi-leci-ranite-01.jpg

„Времето лечи сè“

Со текот на времето опаѓа субјективната важност на некои ситуации, односно полека но сигурно ги „забораваме“. Реалноста е дека не доаѓа до заборавање на работите, туку до некој вид на емоционално расчистување.

Личноста и понатаму ја памети ситуацијата, но многу поретко се присетува на неа, а и самото присетување не е проследено со интензивни емоции како на почетокот.


„Клин со клин се избива“

Кога некоја личност е несреќна поради тоа што е оставена, најчесто и се вели дека ќе дојде некој друг, односно „клинот со клин се избива“, меѓутоа личноста која сè уште е врзана за поранешниот партнер не е подготвена за врзување со друг партнер.

Таа постојано ќе го споредува новиот партнер со бившиот. Потребно е да дојде до целосно расчистување на сметките, за личноста повторно да може квалитетно да се врзе со друга личност.


„Кој прв кај девојката – негова девојка. Кој последен кај девојката – негова сопруга“

Ова е поговорка која често се употребува да им се укаже на младите дека приликите нема вечно да ги чекаат, бидејќи времето е ограничено и треба да се стапи во акција, бидејќи ќе се појави некој кој ќе ја земе приликата пред вас.


Не љуби убавиот, туку упорниот

Со овие зборови се нагласува дека потребно е да покажете одлучност, да бидете доследни и упорни, ако сакате да освоите некоја личност. Психотерапевтите нагласуваат дека жените навистина даваат вредност на оние мажи кои се истрајни, бидејќи така им покажуваат дека се заинтересирани за сериозна врска.


Морате да бакнете илјада жаби, пред да го најдете принцот

На овој начин се релативизираат поединечните љубовни неуспеси и се нагласува дека е тешко да се пронајде оној Вистинскиот. Истовремено се дава надеж дека на крајот ќе дојде „принцот“. Во книгата „Декодирање на љубовта“, Едру Триз прикажува интересни резултати – потребно е да бакнете 14.5 „жаби“ во просек, пред да дојдете до идеалниот партнер.

dali-navistina-klinot-so-klin-se-izbiva-a-vremeto-gi-leci-ranite-1.jpg

Подобро да бидеш сам, отколку со било кој

Со оваа изрека се рационализираат високите критериуми за избор на партнерот. Кога некој има претерано високи критериуми, кои всушност се и нереални и ниту еден потенцијален партнер не може да ги достигне, личноста не може да најде соодветен партнер.

За тоа време, другите луѓе го пронаоѓаат својот пар, личноста останува сама и почнува да се чувствува помалку вредно – Сите имаат некој, само јас немам никој.

Би можело да ве интересира:

10 ситуации кои ќе ги изнервираат и најголемите професионалци, низ илустрации Доктори, адвокати, касиери, продавачи... сите од нив понекогаш се нашле во ситуа...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
„Златни“ правила за удобно летање со авион, според стјуардеси Ако ве болат ушите, купете тампони за уши и не ставајте вредни работи, како лапт...
8 работи кои општеството ги претставува како нормални, а се штетни (ги правиме и во Македонија) Oд родители кои вршат преголем притисок децата да им бидат успешни во сè до пром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg