Јајца од црна игуана, печена чапја: Најчудната храна која луѓето ја јаделе во минатото
Сигурно некогаш сте ги гледале рецептите од вашите баби и сте биле изненадени од работите кои ги подготвувале.
Мора да разберете дека во нивното време немало интернет и разни туторијали. Тие користеле веќе проверени рецепти за одредени јадења од нивните предци.
Во минатото луѓето јаделе секаков вид храна, а ова се некои од најчудните јадења кои биле популарни низ историјата:
Мочен меур од риба како желе
Викторијанците на светот му дадоа многу нешта, но не и кулинарски достигнувања. Тие користеле мочен меур од риба за подготовка на десерт од желе.
Процесот вклучувал изолирање желатин од мочниот меур. Ова било популарно јадење во 18-от век, а денес некои состојки се користат за подготовка на пиво, вклучувајќи го и Гинис. Вкусно, нели...
Muktuk
Се работи за кожа на кит. Ова јадење го јаделе луѓето кои живееле во ладните предели, како ескимите.
Пита од оцет
Ова јадење датира од 1800 година.
Печена чапја
Ова јадење го подготвувале богатите луѓе.
Јајца од црна игуана
Маите ретко јаделе месо, па не е ни чудно што токму овој рецепт бил познат кај нив. Денес ова јадење е забрането.
Ambergris
Оваа храна се јадела во Кина, а се сметала дека потекнува од змејови. Всушност се работи за несварени делови кои китовите ги исфрлаат од телото. Ова се користело во различни форми на храна, како топло чоколадо и како афродизијак.
So
Се работи за единственото јапонско јадење кое има млечни производи како состојка. Се добива со варење на млекото, а се јадело како статусен симбол. Вкусот, за жал, никогаш не е евидентиран.
М.А. | Црнобело