Запознајте го феноменот - машко его

Не дека жените немаат свое его, ама машкото его е вистински феномен. Во психолошка смисла егото претставува свесниот дел на личноста, или “јас”, но преведено кај мажите тоа е симбол за гордост, стабилност, достоинственост, моќ, сила и сите други појави кои означуваат доминација.

zapoznajte-go-fenomenot-masko-ego-01.jpg

Светот во кој живееме е поразличен и жените и мажите во многу области се еднакви, и жените знаат да бидат доминантни, но доминацијата е сепак попопуларизирана и присутна кај мажите.

Зошто кај мажите егото е поголемо?

Има многу фактори кои влијаат врз овај факт.

Еволутивно гледано, мажите отсекогаш биле тие кои ловат, кои обезбедуваат храна за другите, кои се борат со природата, понатаму кои го чуваат семејството. Долг период финансиски само мажите придонесувале во домот, а жените биле на другата страна понежната, грижејќи се за домот и потомството.

Освен тоа, неспорно е дека мажите физички се посилни од жените, што ги прави повторно заштитници. Исто долг период мажите ги заземале важните позиции во опшеството.

Сето тоа преставува долго хранење на егото и тоа останало во генетскиот код кај машкиот пол, како еден вид на архетип на силата. Поголемата одговорност за егзистенцијата на семејството мажите ги правело да бидат и поавторитетни и да се чувствуваат како такви.

Иако многу работи се сменети во машко-женските односи, машкото его остана како феномен. И често се слушаат изјави од типот, “немој ќе му го повредиш егото”, “тоа ти е тоа машка суета”.

Сте се запрашале зошто мажите потешко пребродуваат неверство  на своите партнерки? Одговорот повторно лежи во еволуцијата, мажите биле тие кои ловеле, кои за да се размножи родот гледале што повеќе да го расфрлаат своето семе насекаде, а жените биле тие кои се обидувале да ги привлечат мажите (и не случајно во секоја жена постои потреба за флерт).

zapoznajte-go-fenomenot-masko-ego-02.jpg

Освен тоа, посебно на Балканот, но и секаде мажите се воспитувани да не искажуваат емоции, да не плачат со цел да го задржат оној машки став, да го одржат своето его, а нели сме сите луѓе исти, со исти емоции?

Мажите пак го користат своето его за да го задржат својот мажествен став бидејќи чувствуваат потреба од сила, со цел да ја фасцинираат жената.

Мажите се исто емоционални, дури и чувствителни, па кога маж ќе се заљуби во жена може повеќе да инвестира во врската отколку самата жена. Тоа е причината зошто обично е потребно повеќе време мажот емоционално да се поврзе.

Н.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Места нa кои не треба да зборувате на телефон (и зошто) Среде хаосот што владее во градските автобуси, никој не сака да го слуша и вашио...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Синди Лопер, Блонди - Како изгледаат денес пејачите чии хитови ги пеевме на цел глас во диско? Девојките беа заљубени во Мортен од A-ha, момците, пак, во Сабрина Солерно и Лен...
„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет изма... Кират Аси од Лондон девет години мислела дека е во врска со доктор кој го запозн...
Жени откриваат – Со какви изговори мажите ги избегнуваат обврските низ домот? „Бившиот ми рече дека ја отпуштил хигиеничарката од неговиот дом бидејќи сега ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg