Како да го развиете шестото сетило?

Постојат пет основни сетила: мирис, вид, вкус, допир и слух. Освен овие пет фундаментални сетила, луѓето поседуваат и шесто сетило кое понекогаш се опишува како интуиција или чувство дека знаеме нешто без претходно да сме го научиле.

kako-da-go-razviete-shestoto-setilo-01.jpg

1. Посветете ѝ се на вашата интуиција

Интуиција е термин за чувство, нешто базирано врз основа на инстинктите, а не свесното расудување. На пример, кога ќе запознаете некоја нова личност и веднаш имате добро или лошо чувство поврзано со неа, тоа се смета за интуитивно чувство.

Научниците веруваат дека интуицијата е форма на брза обработка на информации, односно вештина која може да се развива преку практикувањето и вниманието.


2. Запишувајте ги вашите соништа

За соништата се смета дека се несвесниот израз на нашите внатрешни чувства, мисли и идеи, а како такви можат да содржат вредни интуитивни информации за кои не сте свесни.

Затоа запишувајте го сето она на кое можете да се сетите од вашиот сон, веднаш по будењето.

Имајте ги на ум луѓето, настаните, местата, предметите и чувствата. Обидете се да ги поврзувате содржините на вашите соништа и тековните чувства или ситуации од вашиот живот.


3. Научете како да ги забележите малите нешта

Дел од развивањето на шестото сетило е учење како да посветите поголемо внимание на околината, посебно на малите детали.

Колку повеќе внимание обраќате на вашата околина, толку повеќе ќе станете свесни за малите промени и варијации.


4. Научете како да го гледате и слушате внимателно

Кога зборувате со некого посветете му го вашето целосно внимание. Кога ќе научите да набљудувате внимателно, ќе можете да ги препознаете малите незабележливи знаци кои ќе ви откријат што вашиот соговорник навистина чувствува и за што размислува.


5. Вежбајте ги своите сетила

Настојуваме да се потпираме на нашите очи за да го протолкуваме светот околу нас толку многу што очите можат да доминираат над другите сетила.

Но, ако доволно внимание им давате и на другите сетила ќе научите да гледате повеќе суптилни варијации во средината за која претходно не сте знаеле ништо.

Затворете ги очите и користете ги другите сетила. Слушајте го звукот на облеката на луѓето, чекорите, нивниот мирис  и дишењето.

Посветете внимание на суптилните промени во воздухот околу нив, како тие се движат. Обидете се да откриете каде е насочено нивното внимание и кога е насочено кон вас.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени откриваат – Со какви изговори мажите ги избегнуваат обврските низ домот? „Бившиот ми рече дека ја отпуштил хигиеничарката од неговиот дом бидејќи сега ме...
11 зимски и новогодишни декорации од TEMU за кои нема да потрошите цело богатство Какви декорации за празниците може да си купите од TEMU за цена до 600 денари? С...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Однесувања кои покажуваат дека некој не е паметен колку што мисли дека е „Наместо да истакнат некоја поента во дебата, почнуваат да те навредуваат“. „...
Идеја vs. реализација: Смешни (и тажни) градежни утки Згради кои изгледаат футуристички и луксузно во проекциите на архитектите, но во...
Зошто ни се чини дека јануари трае вечно, според психолози? Денот е екстремно краток, паричникот празен, а по празниците мораме да се вратим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg