14 работи кои не ги должите на никого
Постои непишана листа на работи кои мислиме дека другите ги заслужуваат од нас. Всушност, грешката е во тоа што вие во главата си ја имате создадено таа листа која постојано ве измачува.
Денес за промена, направете ја спротивната листа.
Кога ќе бидете прилично напнати затоа што не сте направиле нешто што го должите некому, потсетете се на неа.
Еве како отприлика би требало да изгледа:
1. Никому не должите објаснување зошто верувате во одредени вредности.
2. Никому не му го должите одговорот „да“.
3. Никому не ги должите личните податоци.
4. На никој не му должите објаснување за своите мисли.
5. На никој не му должите помош на неговиот пат. Таа би требало да е своеволна.
6. Никому не должите извинување кога навистина не ви е жал.
7. Никому не му должите пријателство.
8. На никој не му должите обврзување за нешто, само затоа што ве прашал или замолил.
9. На никого не должите часови и часови слушање за тоа како работите се катасрофални.
10. Никому не му должите објаснување за тоа кого и колку сакате.
11. На никого не должите лажни комплименти.
12. Ниту пак должите информации кои служат за трач и невистини.
13. На никого не го должите своето време.
14. Никому не должите ништо што е спротивно до вашите вредности и уверувања.
Уште нешто да додадете на листата?