Секој ден сонувајте по малку. Сонувајте големи соништа
Верувам дека уметноста на живеењето е во уживањето во малите нешта и убавината на истите.
Има многу рецепти со кои ќе го направите денот волшебен. Радувајте се на секој нов ден. Смејте се често.
Создавајте убавина постојано. Онаму кај што направете ја уште пограндиозна, онаму каде што ја нема, направете ја. Убавината е во малите дела на љубов и големите вистински зборови.
Потсетете ги Вашите најмили колку многу ги сакате. Гушкајте ги често, еден ден може да сфатите дека и тоа „често“ било премалку.
Грижете се за нив, пригответе им оброк, топло чоколадо, кафе или чај.
За убав ден, подарете си нешто.
Никој не може толку добро да ви го погоди подарокот колку самите вие.
Подарете подарок на жената во вас, таа моќна жена, која знае што сака, кон што се стреми, за што сонува.
Почастете се со пар нови чевли, убав часовник, добра книга, секси долна облека...
Секојдневно учете нови работи, откривајте нови нешта.
Никогаш немојте да престанете да се надградувате.
Запишете се на курс за странски јазик или модерни танци.
Одете кај вашата баба за да ве научи да ја правите омилената пита.
Интересирајте се за медицината и начините како да го чувате вашето здравје.
Секој ден сонувајте по малку. Сонувајте големи соништа.
Дури и со отворени очи... Дождливите викенди се идеaлни за сонување и мечтаење.
Сонувајте сами или во прегратка на вашиот сакан.
Скројте ги најголемите планови за иднината. Верувајте во вашата моќ за истите да ги остварите.
Автор: М.К. | Црнобело