Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


15 скапоцени работи кои не можете да ги купите со пари

Во последно време често луѓето често се опседнати со секојдневните проблеми и животните трошоци кои се извор на големи грижи. Во тие мигови добро е да се потсетиме на работите за кои не ни се потребни пари, а кои можат да бидат извор на среќа.

15-skapoceni-raboti-koi-ne-mozete-da-gi-kupite-so-pari-001.jpg

1. Погледот на вашиот миленик

Отворате врата по напорниот работен ден и пред неа ве дочекува вашиот миленик кој со сигурност ќе успее да ве насмее.


2. Љубовта

Затоа што вистинската и искрена љубов, која ни го исполнува животот и ни дава причина да станеме секое утро, не се купува со пари.


3. Прошетка во природа

Нема истражување кое не го потврдило фактот дека времето кое го поминувате во природа го намалува стресот и ве релаксира.

15-skapoceni-raboti-koi-ne-mozete-da-gi-kupite-so-pari-11.jpg

4. Времето

Времето претставува најскапоцен дар кој го имаме, па важно е да не го трошите залудно.


5. Купка

Понекогаш единствената работа која може да направи да се чувствувате добро топлата купка.

15-skapoceni-raboti-koi-ne-mozete-da-gi-kupite-so-pari-2.jpg

6. Тишина

Можноста да се одвоите од сè и да се посветите на себеси секогаш ќе направи да се чувствувате посмирено.


7. Старите пријатели

Ве познаваат одамна и знаат речиси сè за вас, па лесно можат да препознаат кога ви треба рамо за плачење или разговор.

15-skapoceni-raboti-koi-ne-mozete-da-gi-kupite-so-pari-02.jpg

8. Новите пријатели

Новите луѓе секогаш можат да донесат возбуда во вашиот живот.


9. Добар сон во топол кревет

Можноста да легнете и да се стуткате во постелнината знаејќи дека утре немате никакви обврски е бесценета.


10. Разговорите со деца

Најмалите понекогаш знаат да бидат извор на најголема мудрост или смешни случки кои ќе направат да се чувствувате добро.


11. Есента

Есента е неверојатна, бидејќи претставува време за нови почетоци, нова љубов, нови одлуки...

15-skapoceni-raboti-koi-ne-mozete-da-gi-kupite-so-pari-03.jpg

12. Простувањето

Никој не е совршен и често може да ни се случи да погрешиме, а нема ништо подобро од можноста да добиеме прошка или да дадеме.


13. Бакнежи

Бакнежите и сè друго што доаѓа пред нив или после нив се бесценети.


14. Самодоверба

Самодовербата не доаѓа со купување на скапа облека, куќа или автомобил, туку однатре.


15. Семејството

Понекогаш домашните не излудуваат, но нема ништо подобро од можноста секој ден да се вратите во топол дом каде ве чекаат луѓето кои ве сакаат најмногу.

15-skapoceni-raboti-koi-ne-mozete-da-gi-kupite-so-pari-04.jpg

Би можело да ве интересира:

7 начини на кои несвесно се повредувате самите Дали се лажете себеси дека сте среќни и не си признавате дека нешто ви пречи? Со...
Совети и бон-тон правила со кои ќе ги избегнете незгодите на плажа Не оставајте дупки на плажата ако вашите деца си играле и не разменувајте нежнос...
„Златни“ правила за удобно летање со авион, според стјуардеси Ако ве болат ушите, купете тампони за уши и не ставајте вредни работи, како лапт...
Популарни дестинации и атракции кои наскоро може да исчезнат (поради нашата несовесност) Поради климатските промени, Малдивите веројатно ќе бидат под вода до 2050-та. Та...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
Најубавите двојни имиња за девојчиња (ако не можете да се одлучите за едно) Ана Марија, Нина Миа… Двојните имиња се уникатни и звучат навистина убаво. Ан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg