Другарите му организирале погреб затоа што не го виделе откако фатил девојка
Секој од нас има барем еден пријател кој откако ќе се вљуби и ќе го најде својот партнер заборава на своите пријатели и комплетно исчезнува.
Таков бил случајот и со 20-годишниот Кеиран Кејбл кој откако ја запознал Џес Фергусон и се вљубил во неа, целосно исчезнал и своите 50 најблиски пријатели ги оставил во минатото.
Неговите пријатели сакале да му дадат до знаење дека се револтирани од неговото однесување, па се одлучиле за драстична постапка – му организирале погреб.
Сите се облекле во црно, креирале лажен ковчег и сè друго што е потребно за еден погреб.
Неговата девојка и покрај „погребот“ тврди дека тој може да се дружи со неговите пријатели кога и да посака, односно дека таа не е виновна за неговото однесување.