Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 познати мртви личности за кои се мисли дека сè уште се живи

Сигурно сте слушнале за разни заговори поврзани со славните личности. Спојте ги смртта со скептицизмот и што ќе добиете?

7-poznati-licnosti-za-koi-se-misli-deka-se-ushte-se-zivi-01.jpg

Еден куп заговорници кои сметаат дека некои мртви личности всушност ја лажирале својата смрт и се живи и здрави, некаде во Јужна Америка или на некој егзотичен остров.

Принцезата Дајана од Велс (1961 –1997)

Венчана за принцот Чарлс од Велс, мајка на два сина и омилена личност во јавноста. Нејзиниот живот изгледаше одлично. Но, на 31 август, Дијана и Доди Ал-Фајед, нејзиниот наводен љубовник, загинаа во автомобилска несреќа во Париз.

Не само што луѓето веруваат дека нејзината смрт е заговор по наредба на принцот Филип, туку постои и верување дека не е мртва. Постојат слики од Дијана во инвалидска количка.


Џим Морисон (1943 –1971)

Познатиот фронтмен на групата The Doors беше популарен уметник во 60-тите. Откако се пресели во Париз тој го засака градот и почна да пишува песни.

На 3 јули беше пронајден мртов во када, но не била извршена обдукцијата бидејќи немало знаци за убиство. Тој е погребан во затворен ковчег, а во потврдата за смртта пишува дека се работи за срцев удар. Сепак, никој не знае точно како тој умрел.

Неговата девојка тврди дека причината е користење на кокаин и хероин што предизвикале крвавење.

Скептици тврдат дека го виделе Морисон како се качува во авион пред да биде потврдено дека умрел.


Амелија Ерхарт (1897 - прогласена за мртва во 1939 година)

Амелија Ерхарт е една од најзначајните жени кога станува збор за пионерско воздухопловство. Таа е првата жена која го прелета Атлантскиот океан сама.

Во 1937-та година тргнала да го обиколи светот со нејзиниот приватен авион, но исчезнала додека летала над Тихиот Океан, поточно во близина на островот Хауланд.

Се верува дека авионот изгубил гориво, што резултирало со пад на авионот. Некои луѓе веруваат дека го преживеала падот и дека живее во Јапонија со нов идентитет.


Адолф Хитлер (1889- 1945)

По извршеното самоубиство заедно со неговата сопруга, неговото тело е пронајдено и погребано на тајна локација во Магдебург, но потоа било ексхумирано, а неговата пепел е фрлена во реката Елба.

И покрај тоа што е според забите тој е позитивно идентификуван, многумина сè уште веруваат дека е жив. Некои дури тврдат дека го имаат видено.


Тупак Шакур (1971- 1996)

Смртта на Тупак Шакур и денес останува мистерија. Скептиците тврдат дека имаат причина да се сомневаат во неговата смрт, бидејќи осум од неговите песни биле издадени по неговата смрт, а  стиховите зборуваат за човек кој бил застрелан и потоа воскреснал.


Елвис Присли (1935- 1977)

Елвис Присли, Кралот на рокенролот, бил пронајден мртов во неговата сопствена бања со неговата свршеница. Неговата смрт се должи на предозирање со лекови. Бил погребан во Грејсленд веднаш до неговата мајка.

Некои луѓе веруваат дека тој ја лажирал својата смрт поради долг поврзан со мафијата.


Мајкл Џексон (1958- 2009)

Мајкл Џексон стана познат како Кралот на поп музиката. Иако точната причина за неговата смрт сè уште не е позната, многумина шпекулираат дека преголема доза на апчиња за спиење е причина за неговата смрт.

Постојат и оние кои веруваат дека не е мртов. Некои од најголемите скептици сметаат дека неговиот позлатен ковчег бил празен.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...
Како да препознаете оригинален Victoria’s Secret спреј за тело и уште 5 други производи? Дали знаете како да препознаете дали парфемот што го купувате е оригинален или д...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
14 типови на манипулатори кои ве искористуваат без да сте свесни, низ илустрации Замислете дека некој ви нуди услуга, но знаете дека потоа ќе очекува да му се од...
5 „себични“ работи што ќе ве направат посреќна личност Да поставите граници, да кажете „не“ – некои работи можеби делуваат себично, но ...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg