Си го лепам срцево...
-->
Да, еве, си го лепам срцето.
Не ми е срам да признаам.
-->
Внимателно го лепам.
Оти неколку пати било скршено, распарчено...
Дали боли?
Боли, ама некако чудно.
-->
-->
Не е како да те боли заб или глава.
-->
Не е ниту како постоперативна болка.
Боли чудно. Боли насекаде.
-->
Всушност, мислам дека боли секоја клетка.
Си ја чувствувам секоја клетка во телото.
Секоја една боли, гризе, крвари.
Си велам, можам јас.
Имам супер лепило.
Ќе го залепам срцево, ќе го составам.
Ќе одглумам насмевка.
Ќе се правам дека сум среќна.
Ќе се нашминкам,
ќе ставам фустан и штикли.
Пак ќе боли.
Ама со време,
човек навикнува на болка.
Автор: М.К. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Поучна приказна за озборувањето која ќе ве научи како да се справите со „злобните јазици“
Мајка ми ми раскажуваше како се справила со пријателките што ја озборувале, со р...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот
Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
17 фрази со кои оддавате впечаток на личност со лоши манири
Колкупати ви се случило да сретнете луѓе што ви се чини дека немаат ниту грам ку...
Кога дизајнерите ќе претераат со креативност – смешни и неупотребливи предмети (фото)
Бизарни украси кои чинат цело богатство и мијалник кој изгледа добро, но ќе треб...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи
Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...
Смешни и непрактични дизајни кои навистина постојат (фото)
Автобуска постојка направена од стакло и „кич“ влечки кои повеќе личат на некакв...