Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да го пoдобрите вашиот социјален живот?

Постојат многу начини на кои можете да го подобрите вашиот социјален живот, но важно е да знаете дека за промена важни се три работи: волја, желба и упорност.

kako-da-go-podobrite-vashiot-socijalen-zivot-01.jpg

 Ако се чувствувате како „вишок“ на социјалните настани или се плашите да започнете разговор, бидејќи вие сте срамежливи, тоа може да влијае на вашиот социјален живот и на вашата кариера.

За подобрување на социјалните вештини следете ги овие примери:

Бидете социјални

Треба да се однесувате како сите други личности дури и кога не се чувствувате подготвено. Не им дозволувајте на срамежливоста или анксиозноста да ве кочат. Зборувајте со нови луѓе дури и кога сте нервозни поради тоа. Со текот на времето ќе ви олесни и ќе научите да комуницирате со непознати луѓе без многу проблеми.

Доколку имате голем проблем со срамежливоста, вежбајте ги вашите социјални вештини. На пример, одете во продавница и зборувајте со продавачот, или во ресторан со келнерите. Вежбајте постепено со кратки разговори.


Поставувајте прашања

Ако не сакате вниманието да биде насочено кон вас во разговорот поставувајте прашања.

Охрабрете ги другите да зборуваат. Поставувајте прашања за кои е потребен опширен одговор, со тоа може да ви се приклучи во разговорот и некое друго лице. Прашувајте ги за нивните хобија, кариери, интереси или семејство.


Креирајте цели

Воспоставете неколку мали цели за себе. Можеби ќе сакате да практикувате една одредена вештина. Во секој случај, воспоставете ги целите и почнете да работите на стратегии кои ќе го подобрат вашиот социјален живот.


Нудете комплименти

Комплиментите можат да бидат одличен начин да се започне разговор, а исто така им покажуваат на другите дека сте пријателски настроени.


Посветете внимание на вашиот говор на тело

Невербалната комуникација е многу важна. Посветете внимание на јазикот на телото што го користите. Изгледајте релаксирано, одржувајте контакт со очите и поставете се отворено за разговор.


Пратете ги актуелните настани

Читајте за актуелните трендови, настани и вести за да имате теми за зборување со луѓето. Но, избегнете ги премногу контроверзните теми, како политика, религија и сл. Ова може да биде одличен начин да започнете разговор.


Идентификувајте ги негативните мисли

Идентификувајте ги негативните мисли кои ве влечат надолу и замените ги со пореални мисли, како што се: „Можам да започнам разговор и можам да запознам нови луѓе“. Не губете време со непродуктивни мисли.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 новогодишни подароци со кои нема да погрешите (за кога немате идеја) Зачини спакувани во убава кутија за оние кои сакаат да готват или планер за нова...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Децата се хит: 10 смешни ситуации од кои родителите ги „боли глава“ „Мојот 7-годишен син добил брилијантна идеја – да го заклучи клучот од катанецот...
„Моите родители дозволија да пораснам со таблет - станав зависен од интернет, немав детство“ „Гневен сум бидејќи знам дека можев да имам нормално детство, со вистински прија...
Бекам и Мет Дејмон се браќа близнаци, Доминик Торето одбива трка за сладолед - Најдобрите реклами за... Рекламата за пивото со Дејвид Бекам и Мет Дејмон е вистински хит засега, но и он...
18 ѕвезди кои ќе изгледаа невпечатливо ако наместо сини имаа кафеави очи (фото) Од Бред Пит, преку Бредли Купер до Мајли Сајрус - како ќе изгледаа познатите со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg