Секси подароци за саканите
Се ближат новогодишните празници. Оваа година можете да бидете малку поинакви и до го/ја изненадете својот/а партнер/ка со секси подарок.
Купувањето подароци за саканата личност понекогаш е навистина исцрпувачка и истовремено абавна задача.
Годинава почнете да размислувате за нешто секси и провокативно кое би го израдувало вашиот партнер/к. Еве неколку предлози кои ќе ви го олеснат изборот.
1. Провокативна долна облека
Својот/та партнер/ка секогаш може да го/ја изненадите со секси долна облека. Па покрај тоа што тој/таа ќе ужива во подарокот, сигурно и вие ќе бидете многу задоволни. Значи станува збор за подарок кој ќе ве развесели и двајцата. Нека биде тоа Баба/дедо Mраз секси црвена долна облека.
2. Секси книга (од типот на Кама Сутра)
Овој подарок е пригоден и за мажите и за жените. Едноставно одберете некоја книга која отвара нови хоризонти, а потоа сето прочитано можете да го примените го во кревет. Но внимавајте, книгата не смее да биде вулгарна, туку дозирано секси и провокативна, доволно за да ве загрее во студените зимски ноќи.
3. Секси играчки
Ова е подарок кој може да си го купуваат партнери кои веќе подолго време се заедно. Лисиците, превезите за очи, разните лосиони и секси помагалата можат да се најдат во секс-шоповите или на интернет. Ова е интересен подарок кој сигурно долго ќе се памети, а најверојатно и често ќе се применува, па во него ќе можете да уживате и двајцата. Сепак пред да го направите изборот добро размислете што е она што најмногу би го/ја израдувало вашиот/та партнер/ка.
4. Секси викенд
Приредете и на саканата личност незаборавно доживување. Можете да организирате викенд на некое романтично место, каде ќе побегнете од сите и ќе уживате еден во друг. Ако тоа не можете да си го дозволите, тогаш приредете си викенд за уживање во сопствениот дом. Романтичната вечера, масажата, долгата предигра или стриптизот се работи кои лесно се врежуваат во сеќавањата.
5. Секси масажа
Под елката можете да оставите миризлво масло за масирање со порака во која ќе најавите за што сé планирате да го употребите тоа масло. Бидете детални и вжештете ја атмосферата за да тој/таа биде полн/а со исчекување. Возбудата ќе биде неверојатна и во неа ќе уживате и двајцата.
Ви посакуваме пријатни моменти и уживање со саканите!