Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Детски активности кои треба да ги практикувате и како возрасни

Не е тешко да се живе здраво и да се води активен живот. Останете во добра физичка и ментална форма со неколку активности за деца кои се добри и за возрасните.

detski-aktivnosti-koi-treba-da-gi-praktikuvate-i-kako-vozrasni-01.jpg

Прескокнување јаже

Како деца речиси сите сме уживале во оваа активност. Не постои причина зошто тоа не би го продолжиле и во староста. Скокањето на јаже е одлична кардио вежба, а исто така можете да согорите и до 700 калории за еден час.


Вртење на обрач

Овој голем пластичен обрач својата популарност ја има стекнато во 50-тите години на минатиот век. Оттогаш, со него си играле многу генерации на сите континенти. Со вртење на обрачот се вежбаат: половината, колковите, задникот и бутовите. Оваа вежба е добра и за развивање на стомачните мускули и долниот дел на грбот.

detski-aktivnosti-koi-treba-da-gi-praktikuvate-i-kako-vozrasni-1.jpg

Возење ролери

Возењето ролери дава речиси ист ефект како џогирањето, но многу е позабавно да се практикува. Ви помага да ги согорите калориите и мастите, а исто така и да ги обликувате и нозете.


Пишување дневници

Многу истражувања потврдиле дека пишувањето на дневник: го намалува високиот крвен притисок, го стимулира имунолошкиот систем и влијае на намалување на симптомите на астма и артритис. Запишувајте ги вашите мисли и сето она што ве мачи редовно и ќе забележите голема промена.

detski-aktivnosti-koi-treba-da-gi-praktikuvate-i-kako-vozrasni-2.jpg

Мечтаење

Иако во повеќето случаи ги предупредуваат децата да не се занесуваат премногу со своите фантазирања , факт е дека треба понекогаш да се фантазира за подобра здравствена состојба. Мечтаењето релаксира, ја зголемува продуктивноста и го отвора вашиот ум.


Протеза за заби

Доколку не сте задоволни со обликот на вашите заби, одете на заболекар и ставете протези. Убавата насмевка сигурно ќе има позитивно влијание врз вашата самодоверба, па затоа немојте да се двоумите. Денес можат да се најдат различни видови на протези кои изгледаат како украси за заби, а не како алатка за исправање на забите.


Пронајдете  ја својата страст

Некои луѓе го живеат животот без да го најдат она што ги задоволува и она во што навистина уживаат. Обидете се да се сетите што ви било важно кога сте биле тинејџери и своите детски страсти и интереси исполнете ги како возрасни. Не се плашете од нови предизвици и секогаш верувајте му на вашето внатрешно дете.

detski-aktivnosti-koi-treba-da-gi-praktikuvate-i-kako-vozrasni-3.jpg

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Неверојатни ситуации што се случуваат еднаш во животот (фото) Некои ситуации може да ви се случат само еднаш во животот и никогаш повеќе. Дури...
Најубавите двојни имиња за девојчиња (ако не можете да се одлучите за едно) Ана Марија, Нина Миа… Двојните имиња се уникатни и звучат навистина убаво. Ан...
Одлики што им се заеднички на успешните луѓе, според психолози Покрај очигледната самодоверба, ако сакате да бидете успешни, важно е да презема...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
„Отровот е во твојата глава“: Мудра кинеска приказна за снаа и свекрва „За целосно да избегнеш каков бил сомнеж, мора да го контролираш својот гнев, да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg