Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Совети со кои ќе направите одлични фотографии од вашите миленици

Имате нов миленик, сакате да ги овековечите моментите со вашето куче или едноставно некои животни ви се преслатки и сакате да направите убави фотографии од нив.

5-soveti-kako-da-gi-napravite-najdobrite-fotki-od-vashite-milenici-01.jpg

Има неколку работи кои мора да ги знаете, а при тоа и да ги почитувате за да ви испаднат добри фотографиите.

Не станува збор за финти кои се наменети за професионалци, туку апсолутно за секој кој сака да направи убава фотографија.

Употребете природна светлина

Секогаш фотографирајте на природна светлина и не употребувајте блиц. Правете ги фотографиите покрај прозорец, врата или надвор. Така ќе имате природна светлина која ќе оди право во субјектот кој го фотографирате.


Сликајте oд нивна перспектива

Секогаш поставувајте го апаратот на нивна висина. Клекнете или легнете покрај нив. Тоа е најдобриот начин за да ги фотографирате. Ако сте во затворен простор може да ги качите на кревет или стол за да ви биде полесно.


Ставете ги на невообичаено место

Ставете ги на место каде вообичаено нема да ги најдете на пример на некоја масичка или слично (но погрижете се да бидат безбедни). Ова ќе ја направи фотографијата интересна и уникатна.

5-soveti-kako-da-gi-napravite-najdobrite-fotki-od-vashite-milenici-02.jpg

Сликајте ги со повеќе опции

Направете повеќе фотографии. Направете 10 - 20 фотографии бидејќи, животните нема да седат мирни и секоја фотографија нема да биде добра.


Обидете се да употребите реквизити

Треба да се забавувате за да ги сликате животните. Ако не ви е забавно нема да испаднат убави фотографиите. Кога се забавувате имате и повеќе идеи и сте покреативни. Затоа во фотосесијата додадете топчиња, круни, шапки или било кој друг реквизит – така сликите ќе изгледаат повесело.

Но, не заборавајте мора сите да се расположени за фотографирање, вклучувајќи го и миленичето. Ако тоа не е расположено не ќе можете да направите добри фотографии.

5-soveti-kako-da-gi-napravite-najdobrite-fotki-od-vashite-milenici-03.jpg

Би можело да ве интересира:

8 музеи низ Европа што секој треба да ги види барем еднаш во животот Покрај Лувр, во Париз не го прескокнувајте и Центарот Помпиду каде се наоѓа најг...
Најлошите работи околу стареењето (кои најверојатно никој не ви ги кажува) „Чувството како времето минува и има шанси да не успеете да отпатувате на местат...
Во Франција има 42.986 - Земји со најмногу кружни текови во светот Со скоро 43.000, Франција е на врвот на листата на 5 земји со најмногу кружни те...
Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...
Необични работи и изуми што можете да ги видите само во Јужна Кореја (фото) Телевизиски канали за кучиња и клупи со соларни панели и полнач за телефон – Нек...
Низ илустрации: Застарени верувања кои треба да ги оставиме во минатото Мажот не смее да стапне во кујна бидејќи готвењето е женска работа и уште 7 заст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg