Кои се најстарите парчиња облека и од кога датираат?
Според бројни истражувања луѓето почнале да носат облека пред 170.000 години. Најстарите познати материјали датираат од пред околу 34.000 години. Што се однесува до облеката, таа била направена од органски материјали како што се кожата и ткаенина.
Кои се најстарите парчиња облека?
Накит (130.000 години)
Во 2015-та година, истражувачите објавиле дека пронашле осум канџи од орел Хрватска. Се верува дека овие канџи од најмалку три различни птици биле носени како дел од огрлица или нараквица.
Откритието го зајакнува тврдењето, дека неандерталците биле интелигентно општество со развиена религија и уметност. Се смета дека канџите најверојатно биле користени за церемонијални цели.
Обувки (9.300 години)
Најстариот пар сандали во светот се откриени во Орегон во 1938 година. Овие сандали се направени од кора на дрво со рамен ѓон. Се верува дека датираат помеѓу 9.300 и 10.000 години.
Во меѓувреме, најстарите кожни чевли се откриени во пештера во југоисточниот дел на Ерменија во 2010-та година, а датираат од околу 5.500 години.
Круна (6.000 години)
Круната била откриена како дел од “Nahal Mishar Hoard”, ризница на повеќе од 400-тини предмети, пронајдени во пештера во Јудејската пустина во близина на Мртвото Море во 1961 година.
Круната е направена од поцрнет бакар. Пет фигури стојат на горниот раб на круната, меѓу кои и две птици (најверојатно мршојадци) и две стилизирани порти или врати. Истражувачите не се убедени дека круната ја носеле вистинските кралеви на оваа област, напротив, тие веруваат дека круната се користела во јавни церемонии и за време на погребни обреди.
Здолниште (5.900 години)
Здолништето е откриено во пештера во југоисточниот дел на Ерменија. Како материјал е користена плетена трска.
Заедно со здолништето и чевлите, на истото место откриена е и мумифицирана коза за која се верува дека датира од истиот период како и здолништето.
Доколку проценките се точни, ерменската коза е околу илјада години постара од повеќето мумифицирани животни во Египет.
Фустан (5.000 години)
Често опишуван како најстара облека во светот, фустанот Tarkhan откриен е во античките египетски гробници во близина на Каиро.
Датира од периодот на Првата династија или Старото Кралство. Фустанот е направен од ткаенина со цврсто набрани ракави.
Панталони (3.000 години)
Пронајдени се во гробниците Yanghai во Кина во 2014-та година. И покрај очигледната употреба, се уште се во прилично добра состојба.
Чанта (4.500 години)
Во 2012-та година, археолозите ја пронајдоа најстарата чанта во светот во гробница во близина на Лајпциг, Германија. Направена од кожа или ткаенина и покриена е со повеќе од сто заби од десетици животни.
Џемпер (1.700 години)
Пронајден е на норвешки глечер во 2013-та година, изработен од волна од јагне или овци. Повеќе од 50 фрагменти од текстил биле откриени на глечерот, од кои многумина сè уште се во процес на анализа.
Чорапи (1.600 години)
Датираат некаде од 250-та до 420-та година, а пронајдени се во гробница во централен Египет кон крајот на 19-от век.
Градник и гаќи (600 години)
Откриени се под паркетот на еден австриски замок во 2008-та година. Истражувачите веруваат дека градниците датираат некаде помеѓу 1390 и 1485-та година. Откриени се исто така и неколку пара машки гаќи.
Автор: М.A. | Црнобело