Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Разгалете се...

Денешниов ден и секој нареден користете го за нежност, за убави нешта, за разгалување.

razgalete-se-01.jpg

Разгалете се себеси, вашиот партнер, вашите најмили...

Започнете го денот со кафе по ваша идеална мерка.

Изненадете го партнерот со колачиња кои сами сте ги испекле додека го пиете првото кафе.

razgalete-se-04.jpg

Или оставете му порака полна нежност до неговата шолја. Нека денот ви започне слатко.

Што велите за тоа да го искористите денот за да го приготвите вашето омилено јадење?

Повикајте ги вашите најблиски на ручек и направете да ги да се чувствуваат како да се во најексклузивниот ресторан.

Растерајте го сивилото од вашиот дом. Од најблиската цвеќарница , купете свежо цвеќе и ставете го на масата, во убава вазна.

razgalete-se-03.jpeg

Нека вашиот дом биде весел, шарен, топол.

Тргнете го и сивилото од вашето лице, ставете си црвен кармин, насмевнете се и освојте го денот .

Прошетајте по продавниците и дозволете си топла, пријатна постелнина за студените есенски вечери. Или оние црвени чевлички во кои се вљубивте на прв поглед. Или пак волнен џемпер за зимата која ни е во пресрет.

 Прошетајте го вашето милениче. Трошете калории во парковите, дишете со цело ваше јас.

Прочитајте ја уште еднаш вашата омилена книга или изгледајте добар филм на кино.

Разгалувајте се, никој тоа нема да го направи подобро од самите вие!

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тортите за првачиња се хит во Македонија (фото) Во Македонија со торти сè почесто се слави половина роденден на бебињата кога ќе...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
10 практични кујнски предмети од TEMU до 150 денари Апаратче кое ги лупи јајцата како од шега, метален држач поради кој нема да си г...
По шест прсти на рацете, цветови во рожницата - 12 луѓе со уникатни природни карактеристики (фото) „Имам таканаречен Харлекин синдром, па кога трчам само половина од лицето ми се ...
Смешни и чудни (интернет) трендови со кои бевме опседнати минатата деценија Играчката „фиџет спинер“ и трендот со танцување познат како Harlem Shake – со ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg