Што сè можете да направите со четката од старата маскара?
Четката од старата маскара не мора да ја фрлате, туку можете да ја искористите на многу различни начини. Некои од нив подразбираат употреба повторно за разубавување, а некои и за чистење на домот.
Еве што сè можете да направите со четката од старата маскара:
1. Можете да чистите тешко достапни места
2. Да ги четкате веѓите
3. Да ги ексфолирате вашите усни
4. Да ги фарбате корените на вашата коса
5. Не ја прскајте целата коса со лак, туку само несредените влакна поминете ги со четката од старата маскара
6. Полесно да ги исчистите задните делови од вашите нокти и кутикулите
7. Можете да ги употребите и за правење интересни дезени при лакирањето на ноктите