Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 мириси кои нè прават инстантно посреќни

Ако мирисот на крема за сончање ви предизвикува некоја слатка еуфорија и ви ги буди фантазиите, ако свеќите со арома на бор ве потсетуваат на топлина и зимските празници - не сте единствени.

8-mirisi-koi-ne-pravat-instantno-posrekni-01.jpg

Овие 8 мириси имаат моќ сите да нè направат инстантно посреќни.

Бор

Истражувањето покажало дека прва асоцијација се зимските празници, па затоа овој мирис помага да се намали нивото на стрес. Анксиозноста, депресијата и нервозата исчезнуваат по оваа ментална „прошетка низ шума.“

8-mirisi-koi-ne-pravat-instantno-posrekni-02.jpg


Цитрусно овошје

Ако ви е потребно обновување на енергијата, а не сте за кафе, пробајте да помирисате лимон, портокал или грејпфрут.

8-mirisi-koi-ne-pravat-instantno-posrekni-03.jpg


Крема за сончање

Позитивниот ефект на овој мирис е директно поврзан со одморот, кога сме поопуштени и посреќни од било кога.

8-mirisi-koi-ne-pravat-instantno-posrekni-04.jpg


Свежо искосена трева

Научниците открија дека свежо исечената трева испушта хемикалија која опушта и предизвикува чувство на задоволство. Мирисот е толку моќен што многумина сметаат дека честата изложеност на оваа арома може да го намали ризикот од деменција.

8-mirisi-koi-ne-pravat-instantno-posrekni-05.jpg


Лаванда и јасмин

Лавандата има смирувачко дејство и помага при несоница, додека јасминот го подобрува расположението. Затоа, следен пат подарете букет лаванда наместо рози.

8-mirisi-koi-ne-pravat-instantno-posrekni-06.jpg


Рузмарин

Рузмаринот е познат по позитивниот ефект на менталните функции. Поточно, мирисот на овој зачин е одличен лек за мрзеливиот мозок и недостатокот на концентрација.

8-mirisi-koi-ne-pravat-instantno-posrekni-07.jpg


Ментол

Маслото од ментол може да ни го стимулира мозокот и целокуоното расположение.

8-mirisi-koi-ne-pravat-instantno-posrekni-08.jpg


Бебешка пудра

Можеби од носталгија или само од пријатното благо дејство на сетилата, бебешката пудра не враќа во детството. Така лесно може да ја почувствувате онаа искрена, детска среќа.

8-mirisi-koi-ne-pravat-instantno-posrekni-09.jpg

Би можело да ве интересира:

Нуркање со ајкули и уште 19 опасни туристички атракции за „зависници“ од адреналин Дали би се качиле на зиплајн? А, дали би нуркале затворени во кафез покрај ајкул...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Женските маки низ 10 забавни илустрации Како се чувствуваме во оние денови, кога маки мачиме со циклусот? Како изгледа к...
Детали за животот на Швеѓаните што се „културен шок“ за секој турист Професорите не очекуваат учениците да им се обраќаат со „професоре“, а пијалаци ...
Жени откриваат: „Работи кои сакаме мажите конечно да ги разберат за нас“ „Менструалните болки за некои жени се многу болни и жените не драматизираат“. По...
Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg