Зошто Chanel No. 5 или 7UP? Што значат броевите во имињата на брендовите?
Познато е дека некои брендови во своето име имаат и броеви - 7UP, Chanel No. 5 или Boeing 747, но што тие броеви значат?
Погледнете зошто некои брендови имаат броеви во нивните имиња и кое е нивното значење:
1. Зошто првиот парфем на модната куќа Chanel е именуван како „ No. 5 “?
Коко Шанел го одбрала 5-от парфем кој Ernest Beaux го направил за неа, а неговото официјално излегување во продажба се случило на 05.05.1921.
2. Heinz ја употребува бројката 57 за број на производи кои ги произведува, а реалноста е дека има илјадници производи. Зошто?
Тоа е така затоа што Хенри Хајнц сметал дека бројот 57 е среќен број. Иако веќе имал во производство 60 призводи, тој ја употребувал бројката 57.
3. Porsche 911 е еден од култните автомобили. Но, зошто токму 911?
Оригинално требало да биде 901, но Peugeot ги принудиле да го променат името, бидејќи тврделе дека имаат права над именувањето на колите со 3-цифрени броеви каде средниот е 0.
4. Зошто 7UP?
Дистрибутерот Britvic за Велика Британија и Ирска, тврди дека овој пијалак е именуван така поради тоа што во себе има точно 7 состојки. Пијалакот оригинално е произведен во 1929-та година од страна на Ц.Л. Григ.
Уште 4 брендови на следната страна...