Зошто жените стареат побрзо од мажите?
Познато е дека девојчињата побрзо растат од момчињата. Побрзо проодуваат, прозборуваат...
Годините не се гледаат исто кај мажитe и кај жените.
1. Хормонски промени
И мажите и жените доживуваат некои сексуални промени во текот на годините. Причина за тие промени се хормоните. Жените околу 50-та година влегуваат во менопауза. Во тој период жените ја губат плодноста, престанува менструалниот циклус и јајниците престануваат со поризводство на хормонот естроген. Овој процес го следат некои симптоми како: замор, топлотни бранови, вагинална сувост и пониско либидо.
Кај мажите, стареењето не носи нагли промени како кај жените. Кај нив таа промена е постепена. Нивото на хормонот тестостерон кај нив опаѓа со текот на времето, во просек за 1% секоја година после 30-та година од животот. Сниженото ниво на тестостерон може да причини еректилна дисфункција, пониско либидо, па дури и промени во спиењето. Овој процес кај мажите се нарекува андропауза. За разлика од менопаузата, кога жената престанува да биде плодна, мажите во андропауза се уште можат да бидат репродуктивни, бидејки и понатаму создаваат сперма.
2. Промена во тежината
Вистинска борба е одржувањето на тежината и за мажите и за жените, посебно после 30-та година од животот кога постепено доаѓа до губење на мускулната маса. Но, мажите и жените сосема различно добиваат на тежина.
3. Подобар квалитет на кожата
Кожата на мажите е помалку подложна на знаците на стареење. Нивото на машкиот хормон всушност ја прави кожата подебела за околу 25%. Мажите имаат и поголема густина на колаген, погруба текстура и поголема влажност на кожата, бидејќи повеќе се потат и имаат повеќе млечни киселини во потта.
И мажите и жените го губат колагенот после 30-та со исто темпо, но после менопаузата кај жените тоа за забрзува, додека машката кожа старее постепено.
4. Губење на косата
Со текот на годините и мажите и жените ја губат својата коса. Степенот на губење на косата зависи од нивото на хормоните и од наследниот фактор. Половина од мажите ја губат својата коса околу 40-та година. Од друга страна пак, жените ретко страдаат од ќелавост.
Најчесто кај жените доаѓа до изретчување на косата и промена на нејзиниот квалитет, но не и до потполна ќелавост.
Би можело да ве интересира:





