Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што содржи шоља кафе?

shto-sodrzi-sholja-kafe-povekjeШто има во шољата кафе со која ви започнува, трае,  а не ретко и ви завршува денот? Еве ви можност да дознете што е тоа кое ве привлекува секој ден...

 

...да имате потреба од кафе.

Најзастапен е секако кофеинот

Кофеинот е причината зошто во светот се произведуваат повеќе од 16 билиони килограми зрна кафе, во годината.

Кофеинот всушност е алкалоид (како никотинот и кокаинот), убиец на инсекти и не стимулира, блокирајќи ги неврорецепторите за аденозин, кој не тера на спиење. Резултат: Будни сме!

shto-sodrzi-sholja-kafe

1. Вода

Топлата вода е супер растворувач, го извлекува вкусот и маслата од зрното кафе. Еден добар филџан кафе содржи 98.75% вода и 1.25% растворлива материја од кафето.

Кофеинот е диуретик, па кафето набрзина ја извлекува водата. Зависниците од кафе се толерантни на диуретичното својство на кофеинот.

2. Етилфенол

Создава медицински мирис при утринското будење. Исто така го има во феромоните на лебарките, и испраќа хемиски сигнали за да ја предупреди колонијата лебарки, на опасност.

3. Диметил дисулфид

Го дава мирисот на фецесот кај човекот.

4. Ацетилметилкарбинол

Богатиот вкус доаѓа од оваа запалива жолта течност која го дава вистинскиот вкус на путерот и се користи како вештачки засладувач за пуканки.

5. Путрецин

Путрецинот се создава кога бактеријата ешерихија коли ќе ги нападне амино-киселините во месото. Во кафето, путрецинот има непријатен мирис.

6. Тригонелин

Тригонелинот го дава слаткиот, земјен вкус на кафето и ги штити забите од мутациите на бактериите од видот на Стрептококите.

7. Ниацин

Попознат како витамин Б3. Две или три кафиња ја задоволуваат половичната дневна потреба од витамин Б3.

Би можело да ве интересира:

Смешни и чудни (интернет) трендови со кои бевме опседнати минатата деценија Играчката „фиџет спинер“ и трендот со танцување познат како Harlem Shake – со ко...
10 фотки од „зад сцената“ кои овековечија интересни и значајни моменти од минатото Внатрешноста на контролната соба во нуклеарната централа во Чернобил, средбата н...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Особини на ментално силните личности, според Сигмунд Фројд Поминал голем дел од животот зборувајќи за лошите навики што ги избегнуваат мент...
Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично Брат му на Доналд Трамп, син му на Џон Ф. Кенеди, но и синот на основачот на хот...
Договорила романтичен состанок со Ештон Кучер, но била убиена: Детали за злосторствата на „убиецот о... Во 2001 година, Ештон Кучер имал договорено состанок со млада девојка. Кога отиш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg