10 фотки од „зад сцената“ кои овековечија интересни и значајни моменти од минатото
Внатрешноста на контролната соба во нуклеарната централа во Чернобил, средбата на американскиот претседател Ричард Никсон со астронаутите од Аполо 11 веднаш по спуштањето на Земјата - некои фотографии испишуваат историја, а се направени уште пред да се родите...
Фотографиите освен што имаат за цел да овековечат моменти на среќа или тага, остануваат и како трајни траги на работите што се случиле во минатото.
Некои од овие работи знаеме како изгледаат денес, но вистинско изненадување се фотографиите направени „зад сцената“, за кои знаат малкумина, а кои се поврзани со интересни и значајни моменти од минатото.
Овие 10 фотографии ќе ви дадат подобар увид во она што се случувало некогаш во светот (многу од нив се направени и пред вашето раѓање).
Пабло Пикасо во своето студио, 1956 година
Ричард Никсон ги поздравува астронаутите од мисијата Аполо 11, веднаш по нивното враќање на Земјата, во 1969 година
Тие потоа биле ставени во карантин за да се испита да не донеле „вонземни патогени“ на нашата планета.
Во контролната соба на нуклеарната централа во Чернобил, 1986 година
Винстон Черчил (89) последен пат си заминува од британскиот парламент, 1964 година
Тој бил член на парламентот цели 64 години, од 1900-тата.
Прва фотографија од површината на друга планета - Венера, 1975 година
Планината Фиџи фотографирана преку перископ на американска подморница, 22 април 1943 година
Сестра Мери Кенет Келер, првата жена што добила докторат по компјутерски науки во САД, 1965 година
Бизнисмен и неговата секретарка работат во базен, во време на топлотен бран во Берлин, Германија, 1926 година
Поглед на Менхетн, рани 1920-ти години
Мажи во Полска преместуваат дрво од една на друга локација, 1930-ти години
А. Ј. | Црнобело