Од старите боички прави нови и ги доставува низ детските болници
Брајан Вер и неговото семејство се подготвувале да си заминат од роденденска вечера во ресторан кога забележале дека келнерот ги фрла мрсните боички кои претходно ги користеле децата на роденденот.
Решил да открие зошто се случува тоа, па го прашал келнерот. На тоа добил одговор дека сите мрсни боички завршуваат во кантата за отпадоци откако еднаш веќе биле употребени.
Така започнала приказната на непрофитната организација The Crayon Initiative која од веќе употребениот восок од мрсните боички прави нови боички и ги дистрибуира низ детските болници во Калифорнија.
Вер ги собира сите боички кои ги фрлаат рестораните и училиштата, ги одвојува по боја, потоа ги топи, а за од нив да направи сосема нови мрсни боички тој употребува специјален калап од кој добива поголеми боички кои би можеле полесно да ги употребуваат и децата со посебни потреби.
Така подготвените кутии боички се доставуваат до илјадници деца, а секој месец се донираат повеќе од 2000 кутии.
Вер се надева дека неговата иницијатива ќе се прошири и во другите земји ширум Америка.