42-годишна мајка и 19-годишна ќерка личат како близначки, па дури и нивните партнери ги мешаат
Не е чудно да помешате две сестри или близначки, но колку често се случува да помешате која е мајка, а која ќерка?
Џорџи Смедли е 42-годишна мајка на 19-годишната Џез, но изгледаат како близначки.
И двете имаат иста боја на коса, речиси идентична висина, тежина, па дури и носат ист број на чевли.
„Личиме толку многу и сите мислат дека сме сестри, што од време на време станува непријатно. Мене ми ласка, но веројатно на Џез и пречи.“
Џорџи е во брак со таткото на Џез од 18 години и со него има уште една ќеркичка, додека 19-годишната Џез има долгогодишно момче кое од неодамна и е вереник.
„На почетокот момчето мислеше дека јас сум постарата и затоа беше загрижен дека нема да има шанси со мене. Но сега, се му е појасно за среќа,“ вели Џез.
Ќе погодите која е која?