Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали чекањето на принцот ве прави принцеза?

Ѕвездите над мене ги затвориле очите и патуваат во сонот. Глувонеми улици каде и прашинките би можеле да предизвикаат страв. Чекорењето кон некаде, без да знам каде би можела да пристигнам, сакањето кое ме предизвикува да сакам уште повеќе, љубовта која постојано ме победува, надежта дека светот некогаш ќе стане подобро место за живеење... Сето ова ме прави ранлива принцеза од твоето време. Кој си ти? Принцот или змејот? Ќе ме уништиш или ќе ме спасиш?

dali-cekanjeto-na-princot-ve-pravi-princeza-01.jpg

Но, која сум јас? Си го знам името, презимето, прекарот, потеклото. Но, не знам која сум, што сакам, не знам како да стигнам до тоа, не знам каде да ја најдам среќата и љубовта. Едноставно, знам дека ништо не знам.

Па нели сум принцеза која го сака принцот, принцот ме чека во салата за бал, а среќата ја наоѓам во себе преку љубовта за Него. И преку него, го сакам светот!

Бајки за мали деца. Да би го вратила времето за одново да поверувам во тоа. Во тоа дека сѐ е можно, дека сите соништа еднаш ќе станат магично секојдневие, дека еден ден ќе дојде Принцот.

Да можам да мечтаам без да сопрам, да отидам подалеку од границите на овој свет, да го допрам синилото небесно и пак да се вратам на Земјата, толку исполнета и среќна!

Да можам да допрам до сечие срце. Да покажам дека го сакам овој свет! Да видам насмевки, многу насмевки и ниту една солза! Да раскажам на глас колку многу љубам и колку љубовта може светот да го направи совршен.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg