Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да заспиете кога летните жешки ноќи се неподносливи?

Топлите летни денови за поголемиот дел од луѓето претставуваат вистински рај, но потоа доаѓаат проблематичните ноќи кога многу мал број од нас можат да ги издржат и да имаат добар сон.

kako-da-zaspiete-koga-letnite-zeshki-nokji-se-nepodnoslivi-01.jpg

Кога температурите се искачуваат и до 35 степени сè што може да ни се случи е вртење и превртување под чаршавите и будење без престан. Секако непријатна ситуација особено кога треба да станете рано наутро и да се подготвите за престојниот ден, а воопшто не сте имале можност да дојдете до сон.

Професорот Едријан Вилијамс од Центарот за спиење при лондонскиот Универзитет објаснува во што е причината поради која голем број на луѓе не можат да спијат во текот на топлите летни ноќи.

Одговорот лежи во високата телесна температура и неможноста истата ефикасно да се намали.

„Треба да загубите барем 1 степен од телесната температура секоја ноќ за да можете да добиете мирен сон“ – изјавува, професорот.

Што можете да направите за да стигнете до посакуваниот мирен сон?

Тој препорачува да ја спуштите перницата и да користите потенка постелнина. Исто така, добро е да избегнувате вечерни тренинзи и кофеин во доцните часови.

Најефикасен начин за одржување на пониска температура на телото е употребување на вентилатор.

Eве уште неколку трикови кои ќе ве ослободат од топлината:

1. Одберете памук

Ослободете се од сатенската постелнина и синтетиката и наместо нив секогаш користете тенка и памучна постелнина која овозможува добра вентилација и проток на воздух.


2. Ставете ја постелнината во фрижидер

Неколку минути пред легнување, можете набрзина да ги ставите чаршафите во замрзнувачот, но пред да го направите тоа пожелно е да ги ставите во пластична кеса.


3. Ладно шише

Доволно ви е едно пластично шише полно со вода кое стоело во замрзнувачот преку текот на целиот ден да го ставите во долниот дел од креветот каде ви се наоѓаат нозете.


4. Спијте како Египјанин

Овие народи добро знаеле како да се ослободат од жештините, а можете и вие да го употребите нивниот метод. Натопете еден чаршав во вода и него поставете го над постелнината. Тој ќе ве ослободи од топлината.


5. Спијте голи

Нема ништо страшно и во тоа да се одлучите да спиете голи, посебно ако спиете заедно со партнерот. Не само што ќе се чувствувате полесно, туку и ќе создадете добра основа за поголема интимност.


6. Мраз на пулсот

Намалете ја телесната температура преку поставување на коцка мраз на сите точки каде го чувствувате вашиот пулс, особено на рацете и вратот.

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg