Говор на тело: 10 Сигурни знаци дека соговорникот ве лаже
Секогаш ќе ви биде од полза да знае некои знаци кои упатуваат на тоа дека личноста со која зборувате ве лаже.
Научете да го читате говорот на телото и преку гестовите, мимиките и однесувањата на соговорникот дознајте дали ве лаже:
1. Грицкање на устата
Грчењето, грицкањето и лизнувањето на усните значи дека личноста кажува лаги. Повторувањето на овие гестови ја смирува личноста при лажењето.
2. Преместување на нозете
Ако личноста цело време ги преместува нозете, бидете сигурни дека ве лаже. Човек кој е нервозен бидејќи лаже не може да седи мирно.
3. Крцкање на прсти
Ако во текот на разговорот личноста ги крцка прстите на рацете и никако не престанува, тогаш со сигурност не ја зборува вистината.
4. Прекрстување на нозе
Доколку вашиот соговорник ги прекрсти нозете најмалку три пати во текот на разговорот, тогаш тоа значи дека лаже.
5. Покажување на дланки
Еден од најпрепознатливите гестови на оние кои не ја кажуваат вистината е подигнување на рацете и откривање на дланките. Ако го забележите ова кај соговорникот, бидете внимателни.
6. Вртење на рацете
Доколку соговорникот додека ви зборува наизменично гледа во своите дланки и рацете, тогаш оваа личност сигурно сака да ве измами.
7. Тапкање со прстите
Ако соговорникот тапка или тропа со прстите на маса додека зборувате, тој со сигурност не ја кажува вистината.
8. Допирање на носот
Ако соговорникот често си го допира носот од страните или од напред, бидете уверени дека во тој миг на измислува приказната.
9. Допирање на окото
Допирањето на окото е знак дека соговорникот сака да го сврти вниманието кон нешто друго, за да не забележите дека лаже.
10. Превртување на пенкало во рака
Ако соговорникот држи некое пенкало или друг предмет кој цело време го превртува низ прстите додека ви зборува, тогаш сигурно ве лаже.
Би можело да ве интересира:





