10 работи заради кои жените најмногу се каат

Секоја личност жали за некоја работа во својот живот или пак тежнее да направи некаква промена, а кога се жените во прашање тие најмногу жалат за 10 работи.

10-raboti-za-koi-zenite-najmnogu-zalat-1

1. „Не поминував доволно време со децата додека беа мали”

И мажите и жените жалат што заради своите кариери не им обрнале доволно внимание на своите деца додека биле мали, но секако изгледа како жените да се најмногу погодени од тоа.


2. „Можев да бидат подобра мајка / Можев да имам деца”

Тешко е да се следи секоја новост во животот на децата, но сепак најмногу се каат оние кои можеле да имаат деца, а никогаш не родиле. Затоа пред да донесете одлука, добро размислете за подоцна да не се каете.


3. „Требаше да бидам подобра ќерка”

Нашите родители нема да бидат со нас во текот на целиот живот, а девојките реагираат бурно низ пубертетот, токму и затоа подоцна се каат.


4. „Ќе мислам на тоа од утре...”

Сакате да летате со параглајдер? Направете го тоа уште денес, бидејќи тоа „утре” никогаш нема да се случи.


5. „Требаше да кажувам што чувствувам”

Никогаш не треба да се плашите од своите чувства и секогаш треба јасно да кажувате што мислите.


6. „Требаше повеќе да мислам на здравјето”

Додека сме млади не обрнуваме внимание на храната, редовните физички активности и целиот ден го поминуваме пред компјутер. Но, симптомите се појавуваат години подоцна, заради што и се каеме.


7. „Одбрав погрешна кариера”

Познато е дека жените многу потешко ги донесуваат големите и важни одлуки, токму и затоа почесто прават грешки во однос на кариерата.


8. „Жалам што не патував повеќе пред бракот”

Во бракот жените се врзуваат за партнерите и за децата, особено кога се во прашања разните патувања. Затоа пред брак треба да ја користите секоја прилика за патување.


9. „Жалам што не бев послободна во однос на мажите”

Дури подоцна сфаќаме дека требаше да се препуштиме и да бидеме послободни кога беа во прашање врските и односите со останатите мажи.


10. „Можев да бидам подобра ученичка / студентка”

Овие работи ги сфаќаме дури кога ќе отидеме на разговор за работа и кога ќе се соочиме со фактот дека многу работи од општата култура и не ги знаеме. Затоа се јавува жалење што не сме учеле повеќе на училиште или факултет.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg