Како да привлечете пари: 3 ментални навики поради кои заработувате помалку

Во секој од нас постојат некои ментални навики за кои не сме свесни, а негативно се одразуваат на нашите потенцијални способности. Како да се ослободиме од ваквите навики кои нè спречуваат да заработиме пари кои се сразмерни со нашите потенцијали.

kako-da-privlecete-pari-3-mentalni-naviki-poradi-koi-zarabotuvate-pomalku-01

Кога стануваме свесни за своите карактерни црти кои нè ограничуваат, тогаш може да се ослободиме од сите пречки кои ги спречуваат нашите потенцијали за непречено остварување на целите.

Менталните блокади се производ на нашите мисли и на моментот кога негативните мисли ќе ги искорениме, ќе започнеме нов постабилен живот и ќе заработуваме повеќе.

1. Очекувајте и надевајте се на она што го посакувате

Доколку не живеете живот каков што сакате во голема мера тоа може да биде последица на тоа што и не очекувате таков живот. Ако помислувате како би било добро платата да ви биде дупло поголема, вие всушност не се надевате на реализација на замислата, бидејќи не знаете како да успеете во тоа. Прашањето „Како?“ ве спречува и блокира во намерата и желбата за реализација.

Неопходно е нешто да започнете за нешто да се случи. Доколку немате идеја како да ја удвоите платата, пробајте мал експеримент: Медитирајте и мислете на тоа колку сте подготвени да очекувате, добиете и заслужувате од она што го посакувате. Тоа ќе ви ја зголеми фантазијата и моќта за визуелизација. Вашиот ум треба да стане место каде верувате во нешто ново.

kako-da-privlecete-pari-3-mentalni-naviki-poradi-koi-zarabotuvate-pomalku-1.jpg

2. Искористете ги своите предности и потенцијали

Ако вашата желба е да заработувате повеќе пари е само привидна, ќе ја одбивате секоја прилика за да ја остварите својата желба. Одбивањето прилики е обично последица на страв, анксиозност или други слични емоционални фактори.

Како ги трошиме парите...

Можеби е неопходно да ги вложите парите за приходите да ви се удвојат, па со тоа ќе научите и како да штедите, а не само како да трошите. Анализирајте ги своите изговори и најдете контра аргументи. Искористете ги приликите дури и кога не сте доволно мотивирани. Кога не се трудите доволно во поглед на усовршувањето, знајте дека така си ја скратувате можноста за промени, а без промени, нема ни поголеми заработки.


3. Пронајдете го генијот во себе

Одлуките на што ќе ги потрошиме парите често се производ на емотивна состојба. Затоа водете сметка за тоа како ги трошите парите. Секојпат кога ќе помислите дека би требало да заштедите помислете на тоа дека таквата одлука не е производ на поголема идејна слика за богат живот. Кога ќе помислите дека не сте заслужиле да се наградите себе, знајте дека така во себе создавате ментална блокада.

Колку што давате, толку ви се враќа, затоа бидете великодушни и делете го она што го имате со другите. Сепак, давајте, но не очекувајте ништо за возврат и бидете задоволни од она што го имате.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg