Градам sидови oд рушевините на моите мостови

Сакам да објаснам, не знам како да започнам, сега сфаќам како е кога сакаш да кажеш нешто, а не знаеш како.

gradam-zidovi-od-rusevinite-na-moite-mostovi-1

Односно, ти знаеш како, но ете немаш храброст, а кога немаш храброст да се соочиш со сопствените зборови тие за тебе си викаат кукавица и си заминуваат.

Сè додека не ги повикаш повторно на ферска во која губитникот си ти однапред.

Како и да е, сакам да објаснам, зошто изградив sидови, наместо да изградам нови мостови на стари реки во мојот живот.

Сето тоа ќе се обидам да го доловам во една метафора, за тие што разбираат, останатите не мора да разберат, нека мислат што сакаат.

Некои реки се премногу диви, брзи, студени, знаеш дека ќе те поплават, знаеш дека ќе ти го урнат мостот без разлика колку пати и да го изградиш.

Секогаш кога ќе поминуваш чекорејќи на него ќе чувствуваш страв од бранови, страв од давење, ќе чувствуваш како да мостот по кој ја поминуваш реката никогаш нема да заврши.

А таа за да ти докаже дека повторно ќе биде исто како порано, одвреме-навреме ќе те заплискува по малку на глуждовите.

Затоа најубаво е после едно рушење на мостот да се изгради sид, а после него нов мост по кој може да поминеме над друга река, мирна, предвидлива, бавна.

Можеби минувањето низ неа не би било она што ќе ни го крева адреналинот и ќе ни ја замрзнува крвта, но барем нема да ни ги крева нервите и нема да ни го замрзнува срцето.

Ете затоа градам нови мостови, а од рушевините на старите подигнувам sид.

Во денешно време меѓу луѓето ретко се наоѓа човек.

Тој човек е новиот мост, додека сите стари рушевини, се останатите луѓе меѓу нас.

Се надевам дека ќе ме сфатите и ќе ја разберете мојата потреба од градење и рушење.

Понекогаш од толку градење и рушење во животот си велам, можеби требаше да станам sидар.

Би можело да ве интересира:

„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...
Екстравагантна свадба во Швајцарија е како ледена бајка: Невестата „смрзната“ во коцка мраз, ангел л... Невеста „замрзната“ во коцка мраз, маж преправен во ангел кој „лета“ над младенц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg