За да го постигнете посакуваното, прво научете што НЕ треба да правите

Сите луѓе кои се стремат кон успех и остварување на она што го посакуваат, секогаш сакаат да научат само што треба да прават за да бидат успешни.

za-da-go-postignete-posakuvanoto-prvo-naucete-sto-ne-treba-da-pravite-1

Но, она што не го забележуваат и што со сигурност влијае врз успехот е она што свесно или несвесно го прават, а не треба да прават.

Затоа доколку сакате да успеете, прво научете што НЕ треба да правите, а она што треба да го правите само ќе ви дојде на памет и при рака.

Ова се неколку до тие работи кои НЕ треба да ги правите, останатите согледајте ги сами.

- НЕ треба да завидувате на туѓиот успех, радувајте се на него, дупло ќе ви се врати.

- НЕ треба да завидувате на туѓата среќа, посакувајте уште повеќе среќа на другите, дупло ќе ви се врати.

- НЕ треба да завидувате на ничиј љубовен живот, посакувајте уште поовеќе љубов, дупло ќе ви се врати.

- НЕ треба да играте валкано за да победите, бидејќи кога тогаш ќе завршите во калта.

- НЕ треба да ги кочите другите во успехот, само за да бидете побрзи и подобри од нив, оставете навистина да победи најдобриот.

- НЕ треба да се грижите за туѓиот успех и да следите туѓи стапки, грижете се за вашиот успех и креирајте свои стапки бидејќи сечиј успех е различен.

- НЕ треба да ги решавате новите проблеми со стари решенија, дури и кога нема ново решение, смислете го сами.

- НЕ треба да мислите дека секогаш знаете сè, човек учи додека е жив, учете за да не бидете мртви пред време.

- НЕ треба да мислите негативно, а да се надевате на позитивен исход, тоа нема да се случи, мислете позитивно и позитивно ќе ви се случува.

- НЕ треба да ставате знаме врз туѓа тврдина освоена на нечесен начин или да градите врз нечии рушевини, таквата победа е краткотрајна.

- НЕ треба да имате соништа за чие остварување е потребно да се скршат нечии соништа, бидејќи така го кршите правото на луѓето во светот, а соништата се остваруваат само доколку не влијаат лошо врз другите.

- НЕ треба да дозволите успехот да ви удри во глава и да заборавите по кој пат сте тргнале до него, бидејќи кој знае можеби повторно ќе треба да се вратите назад.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg