Лесно е да не ја изгубиш надежта, пробај да не ја изгубиш вербата

Често во животот кога се наоѓаме во тешки моменти ја мешаме надежта со вербата. Но, верувајте тие два поима се различни во нивната суштина, сигурно веќе го знаете тоа, но го занемарувате и го поистоветувате како едно за да ви биде полесно. Сепак, не ви станува полесно откако ќе го направите тоа, зошто?

lesno-e-da-ne-ja-izgubis-nadezta-probaj-da-ne-ja-izgubis-verbata-1

Затоа што надежта е онаа која му е вродена на човекот како карактерна особина, но вербата е избор, таа е избор кој не го одбираме често.

Многу би било поразлично и полесно доколку научиме да не ги мешаме овие два поими кога ќе се најдеме во средината на проблемите.

Да се надеваш на нешто значи да не си сигурен дека истото ќе го добиеш или ќе ти се случи, но да веруваш дека нештото ќе се случи или ќе го добиеш, ете тогаш ќе станеш среќен и лесно ќе ги пребродуваш непријатностите.

Доколку сè уште не разбирате зошто е тоа така, следните компарации помеѓу надежта и вербата ќе ве натераат да разберете:

- Едно е да се надеваш на подобар живот и да чекаш подобри денови, друго е да веруваш дека ќе имаш подобар живот и да се стремиш да го добиеш.

- Едно е да се надеваш дека љубовта на твојот живот е таму некаде, друго е да веруваш дека наскоро ќе се појави.

- Едно е да се надеваш дека подобри денови те чекаат во оние лошите, но друго е да веруваш дека тоа ќе биде така.

- Едно е да се надеваш на среќа, друго е да веруваш дека таа веќе е во твојот живот.

Сигурно сега ја воочивте разликата помеѓу вербата и надежта, нели?

Затоа запомнете дека лесно е да не ја изгубите надежта во животот, пробајте да не ја изгубите вербата во него, само така ќе се пронајдете себеси.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg