Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Понеделник не е најомразен

Првиот работен ден во неделата не е повеќе најомразениот, поради тоа што се' повеќе луѓе кажуваат дека во вторник се чуствуваат многу полошо.

 

Понеделник  не е повеќе најлошиот ден во неделата, затоа што луѓето тврдат дека најголемиот стрес на работа го имаат во вторник околу пладне - тоа биле резултатите од истражувањето направено помеѓу вработените во Британија.

Исражувањето спроведено помеѓу 3000 вработени лица покажало дека најголем број од нив во понеделник се ponedelnik-ne-e-najomrazen1обидуваат “да го стават мозокот во работна брзина” и дека ги прераскажуваат трачевите кој што се случиле за време на викендот.

Вторник, 11:45 се чини дека е најтешкиот момент во работната недела, кога вработените за прв пат ќе го почуствуваат работниот притисок кој стои над нив.

Околу 55 % од испитаниците признале дека понеделник за нив е лесен ден, а секој 10-ти признал дека во понеделник ја запоставува работата за да може на Фејсбук да ги прегледа фотографиите од поминатиот викенд.

Речиси секој 5-ти вработен во вторник си заминува покасно од работа како би го надокнадил проуштеното од понеделникот.

Повеќе од половината британци редовно чуствуваат стрес на работа, додека пак 1/4  чуствуваат стрес секој работен ден, а исто толку испитаници како причина за тоа ја наведуваат тешката работа. Секој 5-ти вработен смета дека стресот е дел од секоја работа и го прифаќа како таков.

Околу 12% од испитаниците кажале дека непријатната атмосфера на работа ја прави шефот, а само 9% ги обвинуваат своите колеги.


Би можело да ве интересира:

Дел од најстарите фотографии во светот (кои преживеале до денес) Првата фотографија од Њујорк, кога повеќе наликувал на село, првата фотографија ...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Македонци откриваат: Кој е најчудниот совет што го добиле, а се покажало дека функционира? Грижи се за првото дете како да ти е второ; Не комплицирај и не анализирај,...
Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник...
Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2024-та? Ексклузивни интервјуа со ѕвезди од регионот, љубовни приказни на познати Македон...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg