Работи кои ги разбираат само оние кои ја сакаат самотијата

Сосема е во ред понекогаш повеќе да ги сакаме моментите кои ги поминуваме сами, без интеракција, без исполнување на туѓите желби и потреби...

raboti-koi-gi-razbiraat-samo-onie-koi-ja-sakaat-samotijata-1

Тоа не значи дека сте себични, туку дека повеќе сакате да се дружите со себе отколку со другите. Имате целосно право да го одбиете секој повик за дружење и слободното време да си го поминете во самотија.

Ако сте помеѓу луѓето кои преферираат да бидат сами, тогаш сигурно ќе ги разберете овие работи:

Викенд без планови

Повеќето луѓе едвај го чекаат викендот, планираат излети, дружења, патувања, а вие планирате овој викенд да избегате од учеството во туѓите планови. Можеби ќе си ја средувате собата, ќе лежите и гледате телевизија или ќе прошетате некаде сосема сами.


Едвај чекате да ви биде досадно

На оние кои им е здодевно штом останат сами и немаат што да прават, ќе мислат дека се шегувате со нив кога ќе изјавите нешто вакво. Вас многу ви значи кога не морате ништо да зборувате цел ден или барем неколку часа и досадата е ваше хоби.


Одржување на контакти

Односите бараат негување и одржување, па потребно е секој ден со некого да се гледате за да успеете да ги одржите контактите. Но, често забораваме дека и односот со самите себе бара исто такво негување.

raboti-koi-gi-razbiraat-samo-onie-koi-ja-sakaat-samotijata-2

Уживање во самотијата

Пријателите често мислат дека со вас нешто се случува, бидејќи подолго се немате чуено. Но, вие само заборавивте да ги изброите деновите кои минуваат со оглед на тоа дека уживате во самотијата.


Немате потреба да го делите расположението

Не ви се потребни сведоци ниту пак луѓе со кои ќе го делите доброто расположение. Совршено сте способни да се смеете, играте, пеете и се чувствувате живо и присутно.


Не ви е потребен никој да ве забавува

Не сте расположени, но немате ни намера веднаш да побарате некој да ве забавува. Знаете дека станува збор за период или процес преку кој ќе научите нешто ново за себе, зошто инаку некој би сакал да биде тажен?

Би можело да ве интересира:

Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg