Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лего брод долг 7,29 метри

Се чини дека германците повторно покажаа извонредно ниво на прецизност и трпение. Имено се работи за изградба на најголемиот брод направен од...

 

lego-brod-dolg-7-metri1

... лего коцки. Посетителите на забавниот центар во Германија, го изградија најголемиот брод во светот од Лего коцки, наизменично менувајќи се 9 дена се со цел да се поврзат 400.000 шарени коцки, известува германскиот печат.

Бродот долг 7,29 метри и тежок околу 500kg беше граден од 10-18ти октомври во Научниот центар во Волфсбург - Phaeno, кој веќе го престигна претходниот светски рекорд кој беше запишан во Гинисовата книга.

На одборот работеа повеќе од 700 посетители на забавниот центар.

Поранешниот рекорд го постави копијата на бродот Квин Мери II, долг 6,90 метри кој е изложен во Меѓународниот музеј на морнарицата во Хамбург.

Во октомври 2008 година во забавниот центар Phaeno е изграден и најголемиот мост во светот направен од Лего коцки: долг 20 метри, тежок 150kg, а е составен од 65.000 пластични коцки.

Би можело да ве интересира:

Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
9 работи кои префинетите жени никогаш нема да ги споделат на социјалните мрежи Лесно е да се вклучите во некоја расправија на социјалните мрежи или да споделит...
5 сигурни знаци дека сте соочени со емоционална блокада Емоционалната блокада може да направи да се чувствувате „заглавено“, па одново и...
Финансиски манипулации, сурови убиства: Кои се едни од најпознатите социопати во историјата? Тешки финансиски манипулации, промена на идентитети, сурови убиства... Откријте ...
„Маж плати за да не ѝ кажеме на сопругата дека ја изневерува“ – Келнери сведочат за најчудните роман... Маж што им плаќа на келнерите за да не го издадат дека бил со проститутка, момче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg