Марџ Симпсон за Плејбој
Хју Хефнер најави изненадување за сите обожаватели на својот магазин, додека во јавноста веќе се дозна дека се работи за Марџ Симпсон која ќе ја...
... краси насловната страница на Плејбој. Хефнер веќе во август најави дека Марџ Симпсон ќе ги изненади своите фанови во некое од наредните изданија на Плејбој.
Марџ Симпсон "позирала" во секси долна облека, но колку ќе открие се уште не е познато. Се шпекулира дека за неа ќе бидат одвоени 3 страници од Плејбој, на кои ќе има фотографии каде угледната домаќинка од цртаните филмови ќе позира.
Повод за соблекувањето на Марџ за Плејбој е по повод 20 годишнината од постоењето на Симпсонови, чија прва епизода беше прикажана вo далечната 1989 година.
Покрај секси едиторијалот од Марџ Симпсон, на фановите на Плејбој нема да им биде скратено задоволството и од други раголени и секси девојки, кои нормално ќе се најдат на останатите страници на ова познато списание.