Што помислуваат девојките кога сите околу нив се венчаваат?
Денешното време кое ги тера младите да не размислуваат за брак бидејќи сметаат дека животот прво треба да се изживее, а потоа да се размислува за семејство, може да исфрустрира некои личности, посебно од понежниот пол кога гледаат дека сите околу нив стапуваат во брак.
Ова се работите кои на девојките им се вртат во главата кога сите останати девојки околу нив рипнуваат во тавче:
- До вчера заедно си игравме со барбики, денес таа си игра со своето бебе, а на иста возраст сме.
- Зарем доволно проживеа што мораше да се врзе толку млада?
- Зарем сите околу мене ќе се омажат, освен јас?
- Се надевам моите нема да почнат со разговорите за внучиња повторно...
- Веќе започнаа, иако не се свесни дека јас сакам да завршам факултет, да го прошетам светот, па на крај да се роди желбата за формирање семејство.
- А кој знае можеби никогаш нема ниту да ми се роди желба...
- Убаво ми е вака, поинтересно е кога имаш момче и не знаеш дали ќе останеш со него, отколку да се омажиш за некого и да знаеш дека тука ќе биде постојано.
- Бракот е убава работа, но за девојки на постара возраст.
- Исто и децата, како може дете да се грижи за дете?
- А пак тој стомак после породување, стрии, целулит...
- Да не зборуваме за болката која ја чувствуваат за време на породувањето, ужас, иако не сум искусила претпоставувам дека е ужасно!
- Но, чувсвтвото кога го држиш бебето во раце, сигурно е прекрасно.
- Сосетката пак што се правеше важна, денес прави селфи со бебето...
- Сепак пријателките убаво изгледаа во венчаници, се прашувам како би изгледала јас?
- Косата би ми била во локни, шминката нападна, фустанот припиен, потпетиците високи 15 сантиметри...
- Чекај за што размислувам јас?
- Не, ќе правам свадба сама со себе, јас не можам да најдам место каде ќе фатам бежичен интернет, не пак момче за сериозно...
- Баш ми е гајле, уште сум млада, не планирам да оформувам свое семејство во наредните 5-10 години.
Што ви се врти во главата вас кога сите околу вас рипнуваат во тавче на ваша возраст?