5 Тајни на говорот на телото кои ќе ви донесат успех
Со помош на овие гестови бидете сигурни дека ќе се здобиете со почит и ќе оставите позитивен впечаток кај луѓето во вашето опкружување.
Стручњакот за говор на телото, Џенин Драјвер состави список на гестови, кои сигурно ќе ви донесат успех, па погледнете што таа советува:
1. Потпрете ја брадата на раката
Тоа го прават моќните луѓе како Хилари Клинтон и Стив Џобс, на пример тие на кориците од своите книги ја потпираат брадата на раката. Тоа е поза во која човекот размислува и гест кој вели: „Кога ќе дојдат тешки времиња, ќе смислам некое решение.”
2. Не ги вовлекувајте усните
Вовлекувањето на усните е јасен знак дека нешто чувате во себе. Тоа многумина го прават кога се обидуваат да сокријат некоја емоција, за која се плашат дека другите ќе ја откријат.
3. Покажете авторитет
Со спојување на врвовите на прстите од едната рака со врвовите од прстите на другата рака, вие всушност искажувате авторитет. Овој гест е препознатлив кај Доналд Трамп, кој го прави непосредно пред да каже: „отпуштен си”.
4. Не ја закривувајте главата
Никогаш немојте да соопштувате важна информација со главата искосена на една страна, бидејќи така делувате како да не стоите зад она што го зборувате. Ако вашиот разговор не е важен, слободно искосете ја главата, но внимавајте на која страна ја косите: доколку го направите тоа на десно, ве гледаат како атрактивна личност, а доколку го направите на лево, тогаш ве гледаат како интелигентна личност.
5. Прекрстете ги рацете
Можеби мислите дека со тоа што ги прекрстувате рацете делувате како да не сакате да се социјализирате и тоа е точно, но за оние кои не ве познаваат. Но, сепак прекрстувањето на рацете може да ви помогне да решите некаков проблем, бидејќи во тој случај ги користите двете страни од вашето тело, а со самото тоа и двете страни на мозокот: логичната лева и креативната десна. Истражувањата покажуваат дека сме многу поупорни да решиме некој тежок проблем кога ги прекрстуваме рацете.