Вистинити факти за животот во кои ќе се пронајдете
Животот како целина не може да го опишеме само со еден текст, а богами ниту со два, бидејќи животот не е за опишување, тој е за живеење.
Но, сепак можеме да издвоиме неколку интересни, но вистинити факти за него кои може да ги потврди секој, па дури и вие.
- Водата е послатка кога си пијан или мамурен.
- Кафето е послатко кога се пие од омилената шолја.
- Батеријата на телефонот секогаш побрзо се троши кога ни треба во моментот.
- Кога брзаме, времето брза со нас, кога сме бавни, застанува.
- Кога сакаш да поспиеш во слободен ден, најчесто соседот или кучето те будат во раните зори.
- Во најдепресивниот момент радиото те поздравува со најтажната песна.
- Секогаш те сретнуваат луѓето кои не сакаш да ги видиш.
- Автоматски кога влегуваш во продавница, а сакаш побрзо да излезеш, редицата на касата е бесконечна.
- Секогаш кога отвораме книга и сакаме да учиме, веднаш ни се приспива, ни се оди до тоалет, ни се јаде, ни се пие кафе...
- Во моментот кога си сам дома и почнува да ти се допаѓа тишината, на врата ти чукаат гости и тоа секогаш оние што не ги поднесуваш.
- Кога сакаш да си го погодиш кафето или чајот во омилената арома, секогаш го правиш поблаго или погорко.
- Кога на некого ќе решиш да му веруваш, во истиот момент тој ти дава причина зошто не би требало да се осмелиш да го помислиш тоа повторно.
- Вечерта кога ќе решиш да пиеш сок, целото друштво сите до еден порачуваат алкохол.
- Не го сретнуваш бившиот во твоето најдобро издание, секогаш излегува пред тебе кога си со несредена коса, стари алишта и намуртен израз на лицето.
- Ако плачеме, нечија прегратка наместо да не утеши, нè расплакува уште повеќе.
- Ги откажуваш цигарите и сите околу тебе ги забележуваш со цигара во уста, па дури и твојот пријател кој никогаш немал запалено цигара досега.
- Кога си во врска сите ти се нафрлуваат, додворуваат, но кога си сингл сите тие автоматски влегуваат во врска наредниот ден.
- Кога не ти се јаде бидејќи си јадел во град, за ручек дома мајка ти сигурно го има зготвено твоето омилено јадење.
- Секогаш започнува да врне кога ќе решиш да го оставиш чадорот дома.
- Иако не можеме да заспиеме вечерта, наредното утро не постои сила која може да не разбуди.
- Секогаш се лажеме дека правиме нешто за последен пат, секојпат.
- Кога си пијан, песните во кафана се како напишани за тебе.
- Во моментот кога ќе се откажеме, се појавува чудо кое ни покажува дека требало да истраеме.
- Желбите се исполнуваат кога најмалку очекуваме.
- Кармата станува лоша, кога ти ќе одлучиш да бидеш добар!
- Секогаш ќе ти помогне, оној од кого најмалку или воопшто не си очекувал да го стори тоа!
- Бившиот партнер секогаш се разубавува откако ќе му раскинеме.
Имате ли нешто да додадете?
Би можело да ве интересира:





